Nov Veter

Nov Veter Едриличарски Клуб | Sailing Club

Добредојдовте во ЕК Нов Ветер!

Зошто едрење?
Едрењето е одличен спорт, независно дали едрите од хоби или се натпреварувте. Незаменливо е чувството кое го имате кога сте на вода, кога ветерот ги полни едрата и кога сами или заедно со својот тим се трудите да ги искористите стекнатите теориски и практични знаења за да го извлечете максимумот од силата на природата.
Има многу причини зошто едрењето

е една од најдобрите работи кои можете да ги правите во вашето слободно време. Голем број едриличари ќе ви кажат дека едрењето ви дозволува да избегате од се’, ве учи на многу технички вештини, ви го зголемува чувството на слобода, на брзина, ви помага да се почувствувате поврзани со природата.
Други ќе ви кажат дека едрењето ви дозволува да пронајдете мир и тишина, дека ви го успорува времето и ви помага да се самоспознаете.
Едрењето го наградува фокусот, напорот и натпреварувачкиот дух и најбитно од се ве учи да бидете дел од тим. Едрењето бара внимание, посветеност, создава предизвици и помага да ги спознаете своите сили.

ЕК Нов Ветер
ЕК Нов Ветер е формиран во јуни 2017 година во Скопје на иницијатива на едриличари и скипери кои во изминатите десетина години активно едреа и другаруваа на Јадран, самостојно или како членови на други едриличарски клубови.

Мисијата на клубот е преку своите активности да придонесе за промоција и зголемување на интересот за едрењето, но пред се за поморското едрење и навигацијата, да ги поттикне младите генерации да се запознаат со едрењето и да го прифатат и практикуваат истото како спорт или хоби.
Нашата визија е да создадеме клуб кој ќе биде отворен и во кој ќе биде добредојден секој вљубеник во едрењето. Клубот засега брои околу 100 членови, прекрасни и интересни луѓе од најразлични професии и старосни групи. Ќе се стремиме да прераснеме во водечки едреличарски клуб во Македонија и тоа преку:
- Примање на нови едриличари;
- Опфаќање на луѓе од различни средини;
- Посветеност кон обезбедување на учество, обука и можности за натпреварувачко едрење.
ЕК Нов Ветер организира едрење, регати и флотили на Јадран, Егеј, Јонско море и пошироко. Главен настан на клубот е регатата „Меморијал Славе Герасимовски“, со натпреварувачки карактер која се одржува во октомври и мајското едрење кое има послободна форма во зависност од интересот на учесниците, а се организира во последната недела на Мај. Клубот активно функционира од Септември до Јуни.
Покрај овие два настана, клубот одржува редовни месечни средби на своите членови, секој последен четврток во месецот. Локацијата на средбите се менува и се објавува недела дена пред средбата на FB страницата на клубот. Овие средби се најдобар начин за сите заинтересирани идни членови да дојдат и одблиску да се запознаат со активностите и начинот на функционирање на клубот.
Активностите на клубот ќе бидат насочени кон развивање на следниве четри главни подрачја: безбедност, едрење за заедницата, натпревар, капацитети.
- Одржувањето на безбедноста како највисок приоритет за сите активности при едрењето;
- Промовирање на едрењето во пошироката заедница преку обезбедување на постојани, добредојдени и опфатни можности за едрење.
- Развивање на програма за тренирање и натпреварување на едриличари;
- Организирање на разни интерни клубски натпревари;
- Сериозна посветеност во заложбите за воспоставување и работа на трајни, сеопфатни капацитети за спортови на вода во Македонија;
Членовите на клубот во текот на годината учествуваат и на други домашни и меѓународни едрења и регати.
Клубот во текот на годината организира обуки за заинтересирани членови за основите на едрењето, регатните правила и навигацијата.
Клубот организира и учествува и во други социјални настани од хуманитарен и друг карактер.

Прогласување na rезултати и победници од државното првенство на Македонија во едрење, класа Крузери, - Меморијал Славе Г...
27/10/2025

Прогласување na rезултати и победници од државното првенство на Македонија во едрење, класа Крузери, - Меморијал Славе Герасимовски, одржано на акваторијот на групата острови Споради, - Грција, 11 - 18 Октомври 20025

Резултати од државното првенство на Македонија во едрење, класа Крузери, - Меморијал Славе Герасимовски, одржано на аква...
18/10/2025

Резултати од државното првенство на Македонија во едрење, класа Крузери, - Меморијал Славе Герасимовски, одржано на акваторијот на групата острови Споради, - Грција, 11 - 18 Октомври 20025

1. Влатко Милев - Екипа Вертиго Гастербајтери, ЕК Нов Ветер
2. Зоран Мојсовски - Екипа Авантура, ЕК Yachting Club ОЛС - Охрид
3. Горан Ѓорѓевиќ - Екипа Vision & Friends 2, ЕК Нов Ветер
4. Дамјан Јорданов - Екипа Арс Вивенди, ЕК Арс Вивенди
5. Место делат:
Владислав Стајковиќ - Екипа Комодо, ЕК Нов Ветер
Петар Јовановски - Екипа Отпишани, ЕК Нов Ветер
7. Сашо Добревски - Екипа Gone Sailing, ЕК Нов Ветер
8. Сашо Миноски - Екипа Шарпланинци Finally, ЕК Нов Ветер
9. Петре Поповски - Екипа Vision & Friends 3, ЕК Нов Ветер
10. Ристо Бибовски - Екипа Гладијатори, ЕК Нов Ветер
11. Емилија Пајковска - Екипа 091 Sailing Crew, ЕК Нов Ветер
12. Место делат:
Ацо Новевски - Екипа Шарпланинци Elite, ЕК Нов Ветер
Љупчо Николовски - Екипа Vision & Friends, ЕК Нов Ветер
14. Владимир Петровски - Екипа Шарпланинци, ЕК Нов Ветер
15. Дениз Ваити - Екипа Шарпланинци Shaya Sailing, ЕК Нов Ветер

Благодарност до сите екипи и учесници за уште една успешна регата! Во следните денови ќе објавиме и слики од целото заеднично патување. Морнарски поздрав до следното!

16/10/2025

Втората трка е во тек, следете нè на следниот линк:

Sporadi 2025 Nov Veter 2 Trka tracking

15/10/2025

Денешната трка се одложува поради неповолни временски услови за трка - слаб ветер. Надежно утрешниот ден ќе нè послужи за да ја одржиме.

15/10/2025

Наскоро започнува втората трка од осмата регата, можете да ја следите во живо на следниот линк:

Погледнете го интервјуто подолу со претседателот на нашиот клуб Љупчо Николовски, многу интересни работи ќе слушнете 🙂
14/08/2025

Погледнете го интервјуто подолу со претседателот на нашиот клуб Љупчо Николовски, многу интересни работи ќе слушнете 🙂

„Едрењето е спорт кој освојува на прв поглед“, вели Љупчо Николовски, претседателот на клубот за едрење „Нов ветер“, кој ни беше гостин во студиото на Слободен пе....

Address

Bul Srbija Bb Digital Media Park/Office VISION
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

02 511 7249

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nov Veter posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share