Основна дејност на Сноуборд клубот Полар е организирање на школи, кампови и натпревари за сноубординг, скијање, скијање на вода и вејкбординг. Дополнително клубот се занимава и со организација на кампови за планински велосипедизам, виндсурфинг, планинарење, риболов и слични спортски активности во природа.
Постигнувањето на врвни спортски резултати е особено важна цел за нас, но наша основна амб
иција е да анимираме и вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во организирани спортски активности во природа. Ние сме сигурни дека ова е најдобриот начин на кој ќе придонесеме во правилен раст и развој на личноста на младиот човек. Најважната привилегија за секој член на клубот е тоа што добива шанса да се занимава со интересни спортови под надзор на професионалци.
Сноуборд клубот Полар постои од 1996 година, а од 1998 година па наваму вообичаено во месец јануари организираме сноуборд и ски школи и кампови. Школите ги водат лиценцирани тренери кои минимум еднаш годишно ги обновуваат своите знаења на семинари во организација на клубот. Дипломите кои ги поседуваме се од IFSI – (INTERNATIONAL FEDERATION OF SKI-INSTRUCTORS) која е најреномираната институција во светот за оспособување на кадар за учители за снежни спортови. Звањето кое го имаат нашите тренери е – Snow Sport Instruktor – Учител 1, 2 и 3 – што би значело дека ти се оспособени и за обука за вештините на сноубордингот и скијањето и истовремено оспособени во целост да се грижат за деца и возрасни во однос на нивното време поминато на снег.
Клубот Полар е повеќегодишен организатор на Европскиот куп во сноубординг и ФИС натпреварите во сноубординг во Македонија. Повеќе информации за нас можете да пронајдете на www.polar.mk.