OK Rabotnicki Skopje

Directions Contact the business

OK Rabotnicki Skopje НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА!!!

🏆 ИСТОРИЈА Е ИСПИШАНА! 🏆❤️🤍 ОК РАБОТНИЧКИ Е ПРВИОТ ОСВОЈУВАЧ НА СУПЕРКУПОТ НА МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰Првиот Суперкуп во историјат...
07/10/2026

🏆 ИСТОРИЈА Е ИСПИШАНА! 🏆

❤️🤍 ОК РАБОТНИЧКИ Е ПРВИОТ ОСВОЈУВАЧ НА СУПЕРКУПОТ НА МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰

Првиот Суперкуп во историјата е во рацете на Работнички! 🔴⚪

Со оваа победа го освојуваме првиот трофеј во сезоната и го правиме првиот чекор кон големата цел – ТРОЈНА КРУНА! 👑🏆🏆🏆

Првата шанса е искористена.
Првиот трофеј е освоен.
Но, сега следува потешкиот дел.
Нè очекуваат уште многу битки, уште многу натпревари и уште поголеми предизвици. Но оваа екипа е спремна да се докажува, да се бори и да се надигрува со секого! 💪🔥

Одиме чекор по чекор.
Еден трофеј е веќе наш. Сега продолжуваме по следниот. ❤️🤍

🏆 ПРВ СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰Историјата се пишува во Тетово! 🔥Во среда, 7 октомври, со почеток во 19:30 часот, нè очек...
06/10/2026

🏆 ПРВ СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰

Историјата се пишува во Тетово! 🔥

Во среда, 7 октомври, со почеток во 19:30 часот, нè очекува првото издание на Суперкупот на Македонија!

🔴⚪ ОК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 🆚 ОК ВАРДАР ЕМ

Овој натпревар е дел од 50-то јубилејно издание на реномираниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, кој оваа година е пренасочен кон одржување на првиот Суперкуп на Македонија. 🏆

Шампионот против освојувачот на Купот.
Два големи ривали.
Еден историски трофеј.

🔥 Еден натпревар. Еден трофеј. Еден прв шампион.

📅 Среда | 07.10.2026
⏰ 19:30 часот
📍 Тетово | СС „8. Септември“

❤️🤍 СИТЕ ЗАЕДНО. СИТЕ ЗА РАБОТНИЧКИ! ❤️🤍

ЗАЕДНО И ОВАА СЕЗОНА! ❤️🤍Со задоволство ви ги претставуваме нашите  одбојкарки кои и оваа сезона ќе ги бранат боите на О...
30/09/2026

ЗАЕДНО И ОВАА СЕЗОНА! ❤️🤍
Со задоволство ви ги претставуваме нашите одбојкарки кои и оваа сезона ќе ги бранат боите на ОК Работнички! 🏐
Tamara Atanasova Ana Pavloska •Marija• Sara Karia Trifunovska Klara Gjurovska Mia 🤍 bisera a jovana

Нè поврзуваат довербата, посветеноста и желбата за победи. Пред нас се нови предизвици, а во нив влегуваме заедно — со тимски дух и голема мотивација!

За уште многу заеднички победи и радости! 💪🏆🥇
Еднаш Работнички - секогаш Работнички! 🔴⚪

🏐🏆 Со поддршка од НЛБ Банка и проектот „НЛБ Спорт за млади“, заедно инвестираме во иднината на младите и создаваме место...
28/09/2026

🏐🏆 Со поддршка од НЛБ Банка и проектот „НЛБ Спорт за млади“, заедно инвестираме во иднината на младите и создаваме место каде што преку одбојката се градат карактерот, истрајноста и тимскиот дух. 💙♥️🤍

#НЛБСпортЗаМлади

❤️🤍 БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! 🤍❤️𝘼𝙣𝙙𝙧𝙤𝙩𝙚𝙖 𝙈𝙞𝙡𝙚𝙫𝙨𝙠𝙖 Jana ANTONIJA BATALAKOVSKA Irma DjurdjevicПо една шампионска ...
27/09/2026

❤️🤍 БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! 🤍❤️
𝘼𝙣𝙙𝙧𝙤𝙩𝙚𝙖 𝙈𝙞𝙡𝙚𝙫𝙨𝙠𝙖 Jana ANTONIJA BATALAKOVSKA Irma Djurdjevic

По една шампионска сезона и пред почетокот на новите европски предизвици, дојде моментот да им се заблагодариме на нашите досегашни oдбојкарки и да им посакаме многу успех во нивните нови средини.

Благодарност до секоја од вас за секој натпревар, секој сет, секој поен и секој атом енергија вложен во овој дрес на ОК Работнички. ❤️🤍

Од Работнички не заминувате само како наши поранешни одбојкарки– заминувате како дел од нашата шампионска приказна. 🏆

Ви благодариме за сè што дадовте за овој клуб и за секој момент во кој со гордост го носевте нашиот дрес.

Среќно, девојки!
Ви посакуваме здравје, успеси и многу нови победи во продолжението на вашите кариери! ❤️🤍🏐

Еднаш Работнички – секогаш Работнички! 🔴⚪
#ОКРаботнички #Шампионки #Благодарност #ШампионскаСезона # ЗасекогашРаботнички

💪🍀Подготвителниот период на нашите младински селекции, во пресрет на новата натпреварувачка сезона се одвива во одлична ...
10/09/2026

💪🍀Подготвителниот период на нашите младински селекции, во пресрет на новата натпреварувачка сезона се одвива во одлична атмосфера, исполнета со позитивна енергија, посветеност и огромна желба за напредок.♥️🤍
Горди сме што сме дел од проектот НЛБ Спорт за млади, преку кој со поддршка од НЛБ Банка, им овозможуваме на нашите најмлади спортисти да растат, да учат и да ги следат своите спортски соништа.✨️💫

☀️Бидејќи секој голем успех започнува со првиот чекор.🏆

#НЛБСпортЗаМлади #растеме заедно #нова сезона

🏐 Европската приказна продолжува! ❤️🤍ОК Работнички го доби својот противник во CEV Challenge Cup – ZAON Kifissia 1962 од...
15/07/2026

🏐 Европската приказна продолжува! ❤️🤍

ОК Работнички го доби својот противник во CEV Challenge Cup – ZAON Kifissia 1962 од Атина, Грција. 🇬🇷

Нашиот следен европски предизвик е екипа со голем квалитет и традиција, минатогодишен финалист во домашното првенство на Грција, каде во финалната серија се соочи со Панатинаикос.

Ова ќе биде 6-то европско учество во континуитет, а повеќе од 20-то учество во европските натпреварувања во историјата на клубот – доказ за традицијата, посветеноста и амбицијата на Работнички.

Нов предизвик. Нова европска битка.
Со гордост ги браниме боите на клубот и македонската одбојка.

Само напред, Работнички! ❤️🤍

ОК Работнички – спортски гигант, симбол на традиција, гордост и непоколеблива шампионска култура – повторно се врати на ...
12/05/2026

ОК Работнички – спортски гигант, симбол на традиција, гордост и непоколеблива шампионска култура – повторно се врати на тронот на македонската женска одбојка!

Најтрофејниот женски одбојкарски клуб во државата, со импресивни 18 шампионски титули и 15 Купови на ОФМ, уште еднаш покажа зошто со децении е синоним за врв, континуитет, квалитет и победнички менталитет.

Во време кога многу клубови се потпираат на странски засилувања, ОК Работнички остана верен на македонските играчи и стручен штаб, својата визија и својот идентитет. Оваа сезона како единствен клуб меѓу првите 10 екипи во лигата составен целосно од домашни одбојкарки, Работнички испрати моќна порака дека македонскиот талент, македонското срце и македонската борбеност се доволни за освојување на врвот.

Девојки, покажавте кој е вистинскиот владетел во одбојката во Република Македонија! Игравте со срце, со страст, со пожртвуваност и со шампионска душа а на теренот достоинствено докажавте кој е кој! Секоја топка беше борба, секој поен приказна за карактер, а секој натпревар потврда дека Работнички не е само клуб – туку институција создадена за победи и трофеи!

Навистина сме горди на сите нас што сработевме, одигравме и докажавме дека македонското вреди! 🇲🇰🏆

Со огромно срце, дисциплина, заедништво и непокорлив шампионски дух, нашите девојки и целокупниот стручен штаб уште еднаш покажаа зошто ОК Работнички е најголемото име во македонската женска одбојка. Играчите и целиот стручен тим едноставно се најдобрите – тим што не се предава, тим што се бори до последен поен и тим што повторно го освои врвот таму каде што припаѓа.

Ова не е само титула. Ова е триумф на посветеноста, на макотрпната работа, на љубовта кон клубот и на генерациите кои го граделе името на Работнички како спортска институција и гордост на македонската одбојка.

Со достоинство, шампионски карактер и непокорлив дух, ОК Работнички уште еднаш докажа колку вреди.

ОК РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА!
❤️🤍🏆🔥

12/05/2026

ШАМПИОНИИИИИИИ!!! 🏆❤️🤍
11/05/2026

ШАМПИОНИИИИИИИ!!! 🏆

❤️🤍

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when OK Rabotnicki Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to OK Rabotnicki Skopje:

Shortcuts

Share