21/02/2023
Што е мини баскет ?
Мини баскет е кошарка прилагодена за најмладите. Експерти од областа на кошарката дизајнираа кошарка за најмладите која е во согласност со нивната висина и можности.
Целта на мини баскетот е кај децата да се развие љубовта кон кошарката, здравиот живот и спортот, да се развијат нивните моторни способности и на децата да им се овозможи квалитетна забава и дружење.
На која возраст е најдобро да се запише дете на мини кошарка?
Тренингот за мини кошарка може да започне уште на 6 години, доколку утврдите дека вашето дете е заинтересирано и подготвено за спорт. Мини баскетот е наменет за деца од 6 до 10 години, по 10-годишна возраст децата се насочуваат на тренинг за кошарка.
Децата во овој период преку игра ја учат кошарката, играат кошарка со помали топки и на помали кошеви.
Кои се условите за запишување на мини кошарка?
Нема услови за упис во мини баскетот. Сите деца можат да почнат да тренираат, доколку покажат желба. Многу родители се прашуваат дали висината е еден од факторите за започнување на тренинзи за мини баскетот?
Висината не е предуслов, висината може да биде само последица на долгогодишно тренирање.
Мини баскетот овозможува децата да ја развијат љубовта кон спортот.
Затоа, вашето дете не мора да исполнува никакви предуслови за да почне да игра мини баскет, преку тренинзи, играње со другарите и соработка со специјално обучени тренери ќе ги стекне сите потребни вештини.
Пријави се и ТИ и биди дел од победничкиот тим. 🏀🏀🏀
Сите информации можете да ги добиете во кабинетот по физичко и здравствено воспитување кај професорот Саша Димитријевиќ