28/12/2023
Полека ја привршуваме и оваа година. Една од најуспешните. Велосипедската федерација ја доби Златната Олимпија и прогласена е за Најуспешна федерација во унапредување на родова еднаквост за 2023 година.
Оваа приказна ја започнавме уште во јануар кога нашиот женски национален тим замина на зимски припреми во Турција. Следуваа учества на UCI трки, меѓународни натпревари во женска конкуренција, сребрен и бронзен медал на Балканскиот шампионат во друмски велосипедизам во категорија жени елит,
учесво на женскиот национален тим на светското првенство во Глазгов и многу други настани.
Како потврда на стратегијата за развој на женскиот велосипедизам имавме за прв пат државна ранг листа на девојчиња во категоријата до 13 години.
Следната година продолжуваме уште посилно поттикнати од признанието кое го добивме.
Им изразуваме огромно признание на сите девојки кои беа дел од Велосипедската федерација на Македонија во изминатите години.