29/08/2026
На 6 септември во Zofingen, Швајцарија, Николчо Ѓорѓиев повторно ќе застане на стартот на World Triathlon Powerman Long Distance Duathlon Championships.
Ова ќе биде негов седми настап на Светското дуатлон првенство.
Уште еден голем предизвик и можност за достојно претставување на Македонија на светската сцена.
Го очекува исклучително тешка и долга трка, со 10 километри трчање, 150 километри велосипед и повторно 30 километри трчање, надополнети со 2910м висинско искачување.
Со среќа! 🇲🇰