29/04/2013
15 ЕКСТРА МОЌИ НА НАЈЈАКИОТ ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК
Запознајте се со широкиот спектар на моќи кои ги поседува овој природен лек.
Најсилниот природен атибиотик кој уништува широк спектар на микроби, вклучувајќи вируси, бактери и габи, е екстракт од семето на грејпфрутот, познат под името цитрофит.
Грејпфрутот е познат како антиоксиданс со силно антибактериско дејство. Богат е со витамини А, Б, Ц, Д, Е и К, како и со калциум, фосфор, магнезиум, цинк, бакар и железо. Но неговото вистинско богатство се крие во неговите семчиња.
Од семките и пулпата на грејпфрутот се добива цитрофит, најјакиот расположлив антибиотик кој делува на зајакнување на имунитетот. Поради големиот број на полифенолни соединенија биофлавоноиди (60-70%), екстрактот од семки од грејпфрут покажува неверојатни својства.
Благодети од екстрактот од семе од грјпфрут:
● го намалува нивото на холестерол во крвта
● идеален е за превенција од грип и настинки
● делотворен е при алергии
● лечи акутни и хронични воспаленија
● помага при лечење на гастротестинални инфекции
● лечи болести предизвикани од паразити
● идеален е за испирање на устата, при ранички на усните, здивот, испукани и суви усни
● делува против забен плак и кариес
● помага при болки во увото и хронични воспаленија на уво
● одлично се покажал во борба против првут, чешање на темето и паразити во косата
● лековито делува при мали исеченици, ранички, изгореници, исип на кожата
● смирува убоди од инсекти
● помага при плускавци на нозете, брадавици и кожни инфекции
● делува и кај габични инфекции и вагинални паразити
● помага во борба против слободните радикали, ја подобрува работата на црниот дроб и ги зајакнува артериите.