20/10/2021
СКИ ШКОЛА “SKI & SWIM” ШТИП
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА!!!
Традицијата продолжува ,ТА,,ДА-НИтравел,,-Штип и ПСК,,Челични,,Штип организират Акцијата,,Научи да Скијаш 2022,,. Одиме во Ски центарот Банско во Бугарија. Старата и позната ски инструкторска екипа повторно ќе се погрижи да го научите и усовршите скијањето , но и да поминете незаборавни 6 дена од зимскиот распуст.Врвно скијање,натпревар, забава, дружење и едукација.
Термин: 09 – 14. Јануари 2022, Банско Бугарија 13.500 ден. (на 4 рати октомври-јануари))или 5 нокевања на база ПОЛНПАНСИОН....
(шветска маса на доручек и вечера со вклучен- ручек ланч пакет)
НАПОМЕНА-Пријавување Најдоцна до 01 Декември 2021 година,цена 13.500,00 ден
Сместувањето е во луксузен хотелски комплекс Мурите е отворен во 2008. Овој модерен 4-звезден апарт - хотел има добра локација и е доста комфорен. Располага со модерен спа центар, фитнес и теретана, како и 2 внатрешни базени – едниот детски базен а другиот со полуолимписки димензии 20*12 одличен за пливање после напорното скијање.
Дневни активности Програмата за активностите на снег е адаптирана според возраста и според скијачко искуство. Поделена е во две категории: почетници,средно искусни и напредни скијачи .
08.00 часот – станување
08.15 – 09.30 часот – појадок
10.00 часот – заминување кон терените за скијање
10.30 – 15.30 часот – скијање
16.00 – 17.00 часот – попладневен одмор
17.00 – 19.30 часот – часови по пливање,користење на спа центар,едукација
19.30 – 20.30 часот – вечера
20.30- 22.00 часот -забава со аниматорите од Хотелот
Цената на аранжманот ВКЛУЧУВА...
- Превоз до ски центарот Банско и назад до Штип,
- 5 ноќевања, појадок и вечера (шветска маса со безалкохолни пијалоци,чај,кафе,вода,) ручек ланч пакет, организација на сите активности на снег или на базен,хотел
- Инструктор по пливање со лиценца ,Инструктор по скијање со лиценца
- Користење на базени,сауна и фитнес, WI -FI во целиот хотел
- Секојдневен превоз до ски терените(кабините) и назад,
- Патничко-здравствено осигурување
Во цената на аранжманот НЕ Е ВКЛУЧЕНА ски картата за 5 дена и Ски опрема...
НАПОМЕНА/ Во Банско може да се изнајми комплетна ски опрема-чевли, скии со везови и штапчиња, (35 евра за 6 дена),почетници и полускијачи превоз кабинков лифт-Чалин валок и Бандеришка пољана...... (35 евра за 6 дена).....туристичка такса 6 евра.
Инструктори се:
Проф.Димитар Дамески-скијање и пливање(Виница,Кочани)075-471-521