Кајак Кану Клуб Гемиџии 903

Кајак Кану Клуб Гемиџии 903 Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Кајак Кану Клуб Гемиџии 903, Sports Team, Veles.

19/04/2026
Денес се одржа последниот изборен натпревар за репрезентацијата во слалом. Павел и Марија покажаа истрајност и докажаа д...
18/04/2026

Денес се одржа последниот изборен натпревар за репрезентацијата во слалом. Павел и Марија покажаа истрајност и докажаа дека заслужено се дел од најдобрите.👏🙌
🚀Павел, во силна јуниорска конкуренција влезе како трет во репрезентацијата. Ова му е прва година и му посакуваме многу среќа понатаму.
Марија не настапи на последното изборно, но со претходните одлични резултати има обезбедено место во репрезентацијата. И посакуваме да го повтори успехот од лани.
Особено сме горди и на двајцата и им посакуваме многу среќа во престојните натпревари🏆

Богојавленије - Водици ! Нека овој свет празник ви донесе здравје, мир и Божји благослов.Бог се јави - Навистина се јави...
19/01/2026

Богојавленије - Водици ! Нека овој свет празник ви донесе здравје, мир и Божји благослов.
Бог се јави - Навистина се јави ☦️🙏🏻🤍

Среќна и бериќетна Нова 2026 Година. Ви посакуваме здравје и убави мигови со вашите најблиски🎉
01/01/2026

Среќна и бериќетна Нова 2026 Година. Ви посакуваме здравје и убави мигови со вашите најблиски🎉

🏆🇧🇦Отворено Државно Првенство во Завидовиќи, Кајак Слалом на Дива Вода. Натпреварувањето донесе не само медали, туку и д...
20/09/2025

🏆🇧🇦Отворено Државно Првенство во Завидовиќи, Кајак Слалом на Дива Вода. Натпреварувањето донесе не само медали, туку и дружба, спортски дух и нови пријателства.

Посебна благодарност до Пекара Палма за нивната несебична поддршка и спонзорство, кое многу значи за нашиот клуб и младите спортисти.❤️

Нашиот клуб се претстави со одлични настапи и донесе убави резултати⬇️
К1 мажи млади јуниори
🥇 Павел Димовски – 1 место
🥈 Петар Димовски – 2 место
К1 жени јуниори
🥇 Марија Пановска – 1 место
Ц1 мажи млади јуниори
🥇 Павел Димовски – 1 место
🥈 Петар Димовски – 2 место
Ц1 жени јуниори
🥇 Марија Пановска – 1 место
3xК1 јуниори
🥇 Димовски – Пановска – Димовски – 1 место

🤝 Искрена благодарност и до ККК Младост – Завидовиќи за одличната организација, топлото гостопримство и несебичниот труд за овој настан. Секоја чест!

🏆🇲🇰 Државно јуниорско првенство во кајак слалом  Овој викенд во Демир Капија се одржа државното јуниорско првенство во к...
31/08/2025

🏆🇲🇰 Државно јуниорско првенство во кајак слалом
Овој викенд во Демир Капија се одржа државното јуниорско првенство во кајак слалом на диви води.Нашите млади натпреварувачи покажаа извонредни резултати ⬇️
ЕКИПЕН ПЛАСМАН 🏆2 место
ПОЕДИНЕЧЕН ПЛАСМАН
K1 жени
🥇 Марија Пановска
🥉 Данaи Константина Николаκопулу
K1 мажи
🥉 Павел Димовски
8 место – Петар Димовски
С1 жени
🥇 Марија Пановска – 1 место
Честитки до сите натпреварувачи и огромна благодарност до организаторот ККК Просек- Демир Капија👏

👏🙌🙌
09/06/2025

👏🙌🙌

📢 Ане Петрушевски победник на Европскиот куп во Словенија📢

Нашиот најдобар натпреварувач Ане Петрушевски викендов настапи на Европскиот куп во Солкан,Словенија.Вчера се одржа првото коло од Европскиот куп каде во финалето нашиот Ане заврши на одличното 5-то место, додека денес во второто коло покажа одлични перфоманси и беше најбрз со време 78.38сек , зад себе оставајќи ги најдобрите кајакари од Европа од 21 земја.

Оваа трка беше подготвителна за Европското првенство првенсто кое ке се одржи на оваа иста патека во период од 28 Јули до 3 Август каде што ке настапи и нашиот Ангел.

Тој подготовките ги продолжува во Италија каде наредниот викенд ке настапи на Европскиот куп во Валстања во 3то и 4то коло.

Изминатиов викенд, на патеката на реката Соча во Нова Горица, Словенија, се одржаа првото и второто коло од Европскиот к...
09/06/2025

Изминатиов викенд, на патеката на реката Соча во Нова Горица, Словенија, се одржаа првото и второто коло од Европскиот куп во кајак слалом за јуниори и У-23 категории.
Прв ден: Во исклучително тешка конкуренција, нашите натпреварувачи храбро се носеа со предизвиците.
Павел Димовски во категоријата К-1 мажи У-16 го заврши полуфиналето на 38 место.Петар Димовски, и покрај сите препреки, успеа да заврши на 42 место.Данаи Константина Николакопулу во К-1 жени У-16 се пласираше на одличното 21 место.
Иако никој од нив не обезбеди пласман во финалето, покажаа борбен дух и голема посветеност.
✅ Од друга страна, Марија Пановска и Александар Алексов имаа одлични полуфинални настапи и обезбедија пласман во финале!
Пановска заврши на 9-то место во К-1 жени У-18.
Алексов го заврши полуфиналето на 22 место во К-1 мажи У-18

Втор ден:
Во категорија К-1 мажи У-16,Павел Димовски заврши на 43 позиција. За жал, направена грешка му го одзеде пласманот во финале.Петар Димовски го заврши настапот на 49 позиција, што исто така не беше доволно за финале.
Во категорија К-1 жени У-16,Данаи Константина Николакопулу заврши на 19 позиција, со што не обезбеди пласман меѓу финалистките.
Во категорија К-1 жени У-18,Марија Пановска го заврши полуфиналето на 10-то место – резултат што за малку не беше доволен за влез во финалето.
✅ Александар Алексов храбро се избори и успеа да обезбеди пласман во финалето, каде го заврши настапот на 23-то место.
Одиме понатаму кон нови победи🚀🚀

Address

Veles

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Кајак Кану Клуб Гемиџии 903 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category