22/03/2026
🔴⚪ АК БОРЕЦ ВЕЛЕС: Повеќе од Клуб – СЛОЖНА ФАМИЛИЈА НА АТЛЕТСКАТА СЦЕНА НА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Денес, АК БОРЕЦ ВЕЛЕС се појави на атлетската трка Зегин Спектарон (5км и 10км) ВО ЦЕЛОСЕН СОСТАВ! Испуштивме силна порака на поддршка за лицата кои секојдневно водат битки – „Трка на херои во сите бои!!!“, докажувајќи дека нашето срце е големо колку што е силен нашиот чекор.
Во склоп на трката се одржа,и учествувавме на Националното првенство на 10км на пат во поединечна конкуренција. Резултатите зборуваат сами за себе:
🏅 Трајче Илијевски: На националното првенство на 10км го зазеде високото 5-то место, а истото 5-то место го освои и во севкупниот генерален пласман! Ова е резултат на посветеност и дисциплина.
🔴⚪Екипно АК БОРЕЦ ВЕЛЕС на 5км го освои 3_то место!!!
🏃♂️ Нашата храбра екипа на 5км:
Игор Неделковски: 22-то место (19:55)
Срѓан Милошевски: 23-то место (20:20)
Даниел Пановски: 36-то место (22:24)
Деан Филиповски: 49-то место (23:59)
Цветко Николовски: 55-то место (24:24)
Аце Тодевски: (30:05)
🌟 Посебна почит за Данче Ангеловски! Нашиот најстар член, на 65 години, покажа дека атлетиката не познава граници! Данче истрча фантастични 10км за 53:29 секунди! Тоа е мотив, тоа е инспирација за сите!
🔴⚪АК БОРЕЦ ВЕЛЕС Е ФАМИЛИЈА. Ние сме вистински амбасадори на град Велес, најбројниот атлетски клуб кој со гордост го носи неговото име. Додека другите зборуваат за нас, ние трчаме кон нови победи! 💪🏃♂️
#Велес #АтлетикаМакедонија #ТрчамеЗаРацин #ТркаНаХерои #Трчање #СпортскиВелес #ВитезиНаПатеката #Велешани