29/03/2026
🏆ВЕЛЕС ИМА ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО СТРЕЛАШТВО
🥇Злато за златните девојки од Стрелачки клуб Велес на Државното првенство со воздушно оружје во Меѓународна програма 2026.
Ели Панова и Стефани Димкова се новите државни шампионки!
Силно, фокусирано и со максимална посветеност докажаа како во квалификациониот така и во финалниот дел од натпреварот дека се најдобри!
🥇Во силна конкуренција Ели Панова го освои првото место во дисциплината 10м воздушна пушка жени- сениорки, задржувајќи го местото на врвот како во квалификациите така и во финалето.
Потврдувајќи го својот квалитет повторно по минатогодишното освоено Злато на Државното првенство во јуниорска категорија.
🥇Стефани Димкова во конкуренција на најдобрите јуниорки во дициплината 10м воздушна пушка жени-јуниорки, исто така го задржа првото место во текот на квалификациониот и финалниот дел од натпреварот.
🎯Подготовката, сериозниот пристап, посветеноста, дисциплината и упорноста дури и тогаш кога се изгледа невозможно секогаш вродуваат со плод, а победата никогаш не е случајна.
✨️Во дисциплината 10м воздушна пушка мажи- сениори Ненад Антиќ се пласираше на 4то место, додека во дисциплината 10м воздушна пушка жени- јуниорки Теодора Костовска и Мила Симоновска се прикажаа во најдобро светло, иако се натпреваруваат поединечно сите беа како еден врвен тим постојано пружајќи си меѓусебна поддршка.
Стрелачки клуб Велес има со што да се гордее!
👏Честитки до сите останати учесници и освојувачи на медали на Државното првенство во Меѓународна програма 2026г.