FK Gorski Veles

FK Gorski Veles Official page FC Gorski Veles

Жиро сметка за помош на клубот 300270000155853 комерцијална.б

Гордоста на жителите од Читкушева чешма, Црна Џамија, ФК Горски по 15-тина години пауза повторно игра во општинската лига, од која не успеал да се качи скалило погоре за сите 80-тина години.

Фудбалскиот клуб Горски воскресна, се врати од мртвите и неговите играчи како и тие од пред 90-тина години трчаат по шарената топка. Тој по повеќе години принудна пауза, повторно оживеа а младите од јужната с

трана на стариот дел на Велес настапуваат за гордоста, клубот на младоста на нивните родители и предци. Ако ФК Борец е љубовта на велешани, тогаш ФК Горски е срцето на старите сограѓани од делот околу Потокот , Црна Џамија и Читкушева чешма. Постои од 1919 година, со што е најстар во Велес, постар дури и од градскиот клуб Борец а меѓу најстарите во Македонија. Неговите симпатизери се гордеат со овој клуб, кој за велешани е знаменитост, исто како што се Градскиот Саат, Железниот мост, Мало мовче.



Клубот беше, и е сакан бидејќи работевме чесно и имавме успех, без нечесни игри надвор од теренот. Секогаш во преден план биле младите, тие да имаат забава и можност за докажување и дружење. Имаше ентузијасти кои сакаа клубот да постои и покрај неколкуте прекини во неговата историја. Тој е расадник на млади таленти кои отсекогаш се создавале кај нас. Во моето време и покрај тоа што бевме во општинска лига, бевме одлично опремени, имавме пари, тренерки, копачки, имавме и организиран превоз за гостувањата. Ние трениравме на познатата Рамина, која е на угорнина и високо. Поради тоа често се случуваше, од добрата кондиција, натпреварите да ги добиваме во последните десетина минути, кога противникот физички ќе падне - вели Јанко Андонов, поранешен претседател на ФК Горски од 70-тите години на минатиот век.



Името според некогашните членови потекнува од гора, шума, каде комитите и четите се криеле таму, па така го добил името Горски. Клубот за сите години на работа играл во општинска лига, никогаш не отишол во повисок ранг. Два пати имал можност да премине во регион, но игрите надвор од теренот, уверуваат симпатизерите, биле причина тој да остане во најнизок ранг. Една година дури осум фудбалери на полусезоната од Горски заминале во Борец, кој потоа успеал да се спаси од излегување од Македонската лига, а Горски и покрај предноста од 10-тина бода не ги сочувал и не го освоил првото место во општинската лига, па не влегол во регионот.



Горски е поинаков до другите, бидејќи отсекогаш во нашиот клуб играа фудбалери кои го сакаа овој спорт, никако за пари. Сами плаќавме членарина само за да играме. Клупската боја на Горски е зелено црна со лист од листопадно дрво во средината. Имавме бројна публика која доаѓаше да не гледа, без оглед на резултатот на победите и поразите. Главен градски ривал ни беше Шефки Сали, клуб на ромите од Велес, тоа беше дерби за кое се живееше и потоа натпреварот долго се прераскажуваше по чаршијата - рече Јоле Ристов поранешен фудбалер на ФК Горски, кој играл од 1974-та до 1986-та година.



Масер во екипата долго време бил Ванчо Рибарски, тријач, познат меѓу велешани дека помага при разни повреди на телото. Во многу пригоди тој помагал и на неговите фудбалери но и на противникот, иако токму поради тоа и губеле натпревари, но фер плејот бил приоритетен. Низ екипата минеле многу играчи и тренери а еден останал во посебно сеќавање.



Имавме прекрасен тренер Идавер Худеинов, кој направи да бидеме миленици на градот, различни од другите а добри. Спортот, поточно фудбалот беше само дел од животот, бидејќи имавме клупска просторија во делот на Велес од каде доаѓаме. Во неа секој ден се собираше и младо и старо, сите бевме како еден. Животот не поврза засекогаш, пријателствата и натаму траат, по толку години. Искрено жалам што не проспериравме со повисок ранг на натпревари иако дадовме многу фудбалски имиња, познати за градот. Тука се Гроздан Јавашев, Кире Димов, Тоше Нацев, Наќо Николов, голманот Зоран Паунов. Нашиот фудбалер Ѕунев, кога играше во Борец му даде гол на Истатов, кога бранеше за Беласица од 40 метри, тоа не се заборава – се потсетува Ѓоше Прпев некогашен фудбалер, кој со впечатливите настапи допринел за добрите игри и името на Горски. По многу години пауза, од минатата есен клубот повторно започна да настапува, се обнови на задоволство на неговите љубители.



Горски е смислата на животот за тој дел на Велес. Клубот го реоформивме за дружење и младите да не одат по лош пат, да се бават со спорт Како некогашен фудбалер на Горски, моја животна желба беше, да го видам клубот повторно активен. Имаше деца кои сакаа да играат фудбал, од овој дел на Велес околу Читкушева чешма, и ете од минатата сеен играме во општинската лига, без големи амбиции, но на секој натпревар одиме на победа. Функционираме од љубовта на фудбалерите кон клубот, пари нема, самофинансирање – вели Тони Тонев претседател на ФК Горски сегашен претседател на клубот. Тој брои 25 фудбалери, претежно до 20 години возраст, кои сами си плаќаат членарина за да може да функционира и со кои средства се плаќаат судиите. Имаат и своја навивачка група која е именувана како Канаринци и е обоена во жолта боја.

Голема благодарсност до Општина Велес и ОФС Велес за новата опрема.фото:
10/05/2026

Голема благодарсност до Општина Велес и ОФС Велес за новата опрема.
фото:

ФК Горски ја заврши оваа сезона на начин што малкумина го очекувавме. По минатогодишниот успех, кога клубот го освоивме ...
03/05/2026

ФК Горски ја заврши оваа сезона на начин што малкумина го очекувавме. По минатогодишниот успех, кога клубот го освоивме купот и високото второ место на табелата, очекувањата беа големи. Сепак, реалноста оваа година беше поинаква сезоната заврши со тежок пораз и разочарувачко претпоследно место, што ја прави една од оние сезони кои сите би сакале побрзо да ја забораават.

И покрај слабите резултати, последниот натпревар донесе еден светол момент кој ќе остане запаметен. Легендата на клубот, Тони Тонев, на свои 58 години се запиша во листата на стрелци, потврдувајќи го својот статус како најстар стрелец во историјата на ФК Горски. Неговиот гол беше потсетник дека љубовта кон фудбалот и посветеноста немаат возраст.

Останува надежта дека оваа тешка сезона ќе биде лекција и мотив повеќе за тимот да се врати посилен следната година, со нова енергија и желба за подобри резултати. Ви благодариме на сите што бевте дел и придонесовте многу и оваа сезона за ФК Горски. Се гледаме наредната сезона.

Честитки до Фк Форца Нова за шампиони сезона 2025/26.

01/05/2026
11 КОЛО ТАБЕЛА
06/04/2026

11 КОЛО ТАБЕЛА

ПОЗ ТИМ ОДИГ ПОБ НЕР ПОР ГОЛ/РАЗ БОД 1 ВРАНОВЦИ 7 5 1 1 20/7 16 2 МЛАДОСТ 1976 7 5 0 2 19/13 15 3 ФОРЦА НОВА 7 4 1 2 21/12 13 4 СОГЛЕ 7 3 1 3 9/13 10 5 ТИМ ЛОКОМОТИВА 7 3 0 4 10/18 9 6 РАШ…

Битна победа против екипата на ФК Согле.
29/03/2026

Битна победа против екипата на ФК Согле.

Address

Ulica Vera Ciriviri
Veles
1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when FK Gorski Veles posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to FK Gorski Veles:

Share