16/05/2026
МАКСИМАЛНО ПОДГОТВЕНИ за сервисна поддршка на Прв до врв.
Во текот на утрешната трка нашите мобилни сервисери ке бидат на три локации:
1. Еден сервисер ке вози со е-bike на крајот на колоната
2. Втор сервисер ке биде на локација на Средно Водно, до станицата за вода на Горска (горниот паркинг)
3. Трет сервисер на врвот на Водно кај штандот на BikeStore - Delovi za Velosiped
Сервисерите ке ги познаете по флуоресцентните елеци со логото на BIKESTORE. Доколку во текот на трката имате било каков проблем со велосипедот кој неможете сами да го отстраните (а знаеме дека професионалните велосипедисти се спремни да го расклопат и склопат цел велосипед во планина 😎) јавете се на бројот кој го пишува и на вашиот стартен број како СЕРВИС 071/349-134.
Доколку на одредени места нема мрежа, пробајте да стигнете до нашиот сервисер на Средно Водно или ако сте далеку на патеката, чекајте го сервисерот од крајот на колоната.
Основната задача на сервисерите е да заменат / залепат гума за да може да ја завршите трката, а имаме можност и за поставување на брза спојка на ланец, чеп и CO2 на tubeless гума и други помали и основни сервиси.
Целта е сите безбедно да се качиме до врвот и среќни и здрави да се спуштиме од Водно до дома. Уживајте !!!
Благодариме на разбирањето и огромната поддршка од Velo RIZ, Macedonia, Delovi za Velosipedi - VELES членовите на велосипедскиот клуб BikeStore Skopje и сите што не сакаат и поддржуваат 🚴