Судиска комисија на регион Струмица

Судиска комисија на регион Струмица Судиска Комисија на регион Струмица

Судиска комисија на регион Струмица објавува конкурс за кошаркарски судии за престојната сезона 2022/2023Кандидатите тре...
24/02/2022

Судиска комисија на регион Струмица објавува конкурс за кошаркарски судии за престојната сезона 2022/2023
Кандидатите треба да ги исполнат следните услови:
- Да бидат, не помлади од 15 години и не постари од 35 години
- Желба за кошаркарско-судиско унапредување
- Тимски работници
Дружбата и пријателствата кои ги нуди оваа професија е повеќе од мотивирачки за секој кандидат, а кошаркарската игра и судењето како дел од неа предизвик кој секој треба да го искуси.
За повеќе информации јавете се на телефонските броеви:
078 305 321 - Владимир
071 220 077 - Кире

Почитувани, Денес по кратко боледување за жал не напушти нашиот колега, пријател и огромен вљубеник во спортот Здравко Ј...
09/06/2021

Почитувани,

Денес по кратко боледување за жал не напушти нашиот колега, пријател и огромен вљубеник во спортот Здравко Јовановски.

Толку многу поминати моменти, а за жал веќе толку малку...

Здравко ќе го памтиме како борец, како правичен и како голем пријател.

Едно знаеме ние од нашата фела, звукот на свирчето веќе нема да биде ист, но ќе биде уште посилен затоа што секој свиреж ќе те спомнува и тебе Здравко.

Почивај во мир 🙏

Судиска комисија на регион Струмица објавува конкурс за кошаркарски судии.Кандидатите треба да ги исполнат следните усло...
26/07/2019

Судиска комисија на регион Струмица објавува конкурс за кошаркарски судии.
Кандидатите треба да ги исполнат следните услови:
- Да бидат, не помлади од 16 години и не постари од 35 години
- Желба за кошаркарско-судиско унапредување
- Тимски работници
Дружбата и пријателствата кои ги нуди оваа професија е повеќе од мотивирачки за секој кандидат, а кошаркарската игра и судењето како дел од неа предизвик кој секој треба да го искуси.
За повеќе информации јавете се на телефонските броеви:
078 305 321 - Владимир
071 220 077 - Кире

Дозволени и недозволени ситуации во делот на чекори.Повторувањето е мајка на знаењето 😀
05/10/2018

Дозволени и недозволени ситуации во делот на чекори.
Повторувањето е мајка на знаењето 😀

Играчите, тренерите и навивачите во нашите лиги сакаме накратко да ги известиме за новите правила. Веројатно најзначајна...
04/10/2018

Играчите, тренерите и навивачите во нашите лиги сакаме накратко да ги известиме за новите правила. Веројатно најзначајната промена е во начинот на казнување за техничките грешки, кои веќе не означуваат и автоматска промена на поседот. И понатаму за техничка грешка ќе се доделува едно слободно фрлање, но играта ќе продолжи така што топката ќе ја има тимот кој претходно бил во посед на топката во моментот на досудување на техничката грешка.
Уште една важна промена е направена како би се спречило одбранбените играчи да ја успоруваат играта во финишот на мечот. Од сега, откако играчите ќе ја воведуваат топката во игра, ја преминат аут-линијата во последните две минути од четвртата четвртина или продолжението, и ќе бидат попречувани од одбранбен играч на противничката екипа – истиот ќе добие техничка грешка.
Измената која би можела да ја направи играта покреативна и поинтересна за гледачите, им дозволува на играчите да ја фрлат топката да удри во таблата, и после тоа да го задржат поседот, практично на тој начин да си асистираат сами на себе за евентуално забивање“.

Останати поважни промени се:

-Тимот ја уфрлува топката во игра после досудена неспортска лична грешка од предно поле на теренот, а на часовникот ќе бидат додадени 14 секунди.
-Кога е досудена лична грешка, а тимот која ја има топката истата ја враќа на својот дел од теренот, часовникот ќе се врати на 24. секунди, или на 14 ако топката се уфрлува од противничката страна на теренот.
-Доколку тренерите побараат тајм-аут во последните две минути на четвртата четвртина или во продолжението, ќе можат да одлучат од каде ќе биде уфрлена топката поточно од предно или во задно поле, со тоа што во задно би имале 24секунди, а во предно 14секунди, за тоа што одлучил го известува судијата на крајот на тајм-аутот.
-Доколку се случи топката да биде заглавена помеѓу обрачот и таблата, а тоа не било после изведување на слободни фрлања, за поседот ќе се одлучува со потфрлање(алтернативен посед). Во таа ситуација, ако за топката се изборил тимот кој веќе бил во посед, часовникот се враќа на 14. секунди, а доколку топката ја освоил другиот, часовникот се рестартира на 24 секунди.
Среќен ни почеток на сезоната и воигрување на новите правила"

Нека биде бериќетна оваа 2017та за новиот кум на судиска на град Струмица.
15/01/2017

Нека биде бериќетна оваа 2017та за новиот кум на судиска на град Струмица.

Респект!!
22/04/2016

Респект!!

Која е вашата одлука?1. Неспортска грешка2. Техничка грешка3. Фаул во напад
12/04/2016

Која е вашата одлука?
1. Неспортска грешка
2. Техничка грешка
3. Фаул во напад

09/04/2016
Легално!?Да или не?Ваша одлука?
07/04/2016

Легално!?
Да или не?
Ваша одлука?

Address

Strumitsa
2400

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Судиска комисија на регион Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share