ФК Тиверија

ФК Тиверија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ФК Тиверија, Sports Club, Strumica.

https://sportskamreza.mk/29509/
23/03/2026

https://sportskamreza.mk/29509/

Трета лига – Исток има нов лидер, откако Овче Поле со минимални 0:1 славеше над Брегалница во Делчево и го презеде челното место на табелата. Дарко Нацев беше единств...

14.3.2026 годинаСРЕДБА НА ПОРАНЕШНИ ФУДБАЛЕРИ НА ФК ТИВЕРИЈА (Фотографијата е преземена од „Стара Струмица“)Тиверија не ...
16/03/2026

14.3.2026 година

СРЕДБА НА ПОРАНЕШНИ ФУДБАЛЕРИ НА ФК ТИВЕРИЈА

(Фотографијата е преземена од „Стара Струмица“)

Тиверија не е само обичен фудбалски клуб. Тиверија е дел од душата на струмичкиот спорт, дел од историјата и гордоста на градот. Низ децениите, овој клуб бил место каде се создавале пријателства, се градел карактер и се раѓала љубовта кон фудбалот.

За многу генерации струмичани, Тиверија значела повеќе од игра – значела припадност, традиција и чест да се носи дресот на клубот. На тревникот се воделе големи спортски битки, но надвор од него се создавале спомени кои траат цел живот.

Тиверија е симбол на издржливост, истрајност и долговечност. Повеќе од еден век постоење е доказ за љубовта и посветеноста на сите оние кои биле дел од клубот – фудбалери, тренери, спортски работници и навивачи.

Средбите како оваа се потсетник дека времето минува, но спомените и пријателствата остануваат. Насмевките, разговорите и сеќавањата на старите натпревари повторно ја оживуваат славната историја на клубот.

Голем респект и благодарност до сите поранешни фудбалери, тренери и спортски работници кои со својата работа, љубов и посветеност придонеле Тиверија да остане еден од најпрепознатливите симболи на спортот и фудбалот во Струмица.

Тиверија не е само клуб – Тиверија е традиција, гордост и дел од идентитетот на Струмица.

ЗА ДРУГИТЕ СЕ НАВИВА, ТИВЕРИЈА СЕ САКА !!!

ЧЛЕНСКА КНИШКА од ФК Тиверија од далечната 1982 година. Секој дониран предмет, фотографија, документ, записник и останат...
18/02/2026

ЧЛЕНСКА КНИШКА од ФК Тиверија од далечната 1982 година.

Секој дониран предмет, фотографија, документ, записник и останато поврзани со историјата на нашиот клуб се непроценливо богатство за архивата на ФК Тиверија.

ФК Тиверија изразува благодарност до семејството на еден од најголемите фанови на ФК Тиверија и долгогодишен член на управата на клубот ВАСЕ ЈАНЕВ кој почина минатата година.

Мартин Шутевски, последно засилување за ФК Тиверија пред стартот на пролетната полусезона
16/02/2026

Мартин Шутевски, последно засилување за ФК Тиверија пред стартот на пролетната полусезона

Голгетерот Никола Трајков се враќа во ФК Тиверија
16/02/2026

Голгетерот Никола Трајков се враќа во ФК Тиверија

103 години ФК ТИВЕРИЈА Спортското друштво Тиверија започнало со активности во пролетта 1921 година, но официјално е реги...
13/02/2026

103 години ФК ТИВЕРИЈА

Спортското друштво Тиверија започнало со активности во пролетта 1921 година, но официјално е регистрирано две години подоцна на 13.02.1923 година.

ФК Тиверија - Историја на Струмица, историја на Македонија
Клубот на работниците, клубот на занаетчиите.

За другите се навива, Тиверија се сака !!!

ФК Тиверија Фудбалерите на ФК Тиверија на вчерашниот тренинг на фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица. На ...
12/02/2026

ФК Тиверија

Фудбалерите на ФК Тиверија на вчерашниот тренинг на фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица.

На тренингот присуствуваа 16 фудбалери меѓу кои и новајлиите во клубот Терзиев, Благоевски и Ахмедов кои дојдоа од Хоризонт Турново, Беласица и Победа Валандово.

ФК Тиверија Состанок со фудбалерите на првата прозивка пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Претседателот на Ти...
09/02/2026

ФК Тиверија

Состанок со фудбалерите на првата прозивка пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Претседателот на Тиверија Александар Митев и Тренерот Петре Каракашев во разговор со фудбалерите на Тиверија околу подготовките и плановите во наредниот период.

ФК ТИВЕРИЈА СО НОВ ТРЕНЕР ЗАПОЧНУВА СО ТРЕНИНИЗИФудбалскиот клуб Тиверија од Струмица го закажа стартот пред почетокот н...
02/02/2026

ФК ТИВЕРИЈА СО НОВ ТРЕНЕР ЗАПОЧНУВА СО ТРЕНИНИЗИ

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица го закажа стартот пред почетокот на пролетниот дел од сезоната за понеделник 9-ти Февруари.

На седница на УО на клубот, на предлог на Претседателот Александар Митев за нов тренер на ФК Тиверија е назначен Петар Каракашев кој води и генерација во младинските категории на фудбалскиот клуб Беласица,

Со ФК Беласица имаме одлична соработка која ќе се продлабочува во наредниот период со отстапување на млади фудбалери пред се од Струмичкиот регион кои ќе добиваат минутажа и стекнуваат искуство при настап во сениорска конкуренција во ФК Тиверија.

Тренинзите на првиот тим ќе се одвиваат во Струмица на нашиот фудбалски терен со вештачка трева „Филип Лазаревски“

Замина уште една фудбалска легендаПочивај во мир Васил Рингов
23/12/2025

Замина уште една фудбалска легенда
Почивај во мир Васил Рингов

ФК ТИВЕРИЈА - Спортска историја на СтрумицаНајстарата позната фотографија на Фудбалскиот клуб Тиверија за прв пат обрабо...
23/12/2025

ФК ТИВЕРИЈА - Спортска историја на Струмица

Најстарата позната фотографија на Фудбалскиот клуб Тиверија за прв пат обработена во боја

Стојат: Илија Вртев (Претседател) Кирил Гарванлиев, Ристо Костуранов, Мане Нецев, Благовест Буралиев, Ристо Шопов, Љамо Џатев, Мито Маџиров, Стоил Зандански /

Клечат: Благој Костуранов, Благој Кабакочев Барбата, Исин Турчето

ХУМАНИТАРНА АУКЦИЈА ЗА НИНА На хуманитарната аукција организирана за нашата Струмичанка Нина Димитриевска, највисока пон...
13/11/2025

ХУМАНИТАРНА АУКЦИЈА ЗА НИНА

На хуманитарната аукција организирана за нашата Струмичанка Нина Димитриевска, највисока понуда даде Александар Митев – Цука, кој го доби уметничкото дело на академскиот уметник Димитар Кочевски – Мичо.

Сумата од 3.500 денари веќе е уплатена на сметката за поддршка на Нина, а персоналниот данок го покри нашиот клуб.

Интересен факт:
Александар Митев – Цука е актуелен претседател на ФК Тиверија, а Нина е правнука на еден од основачите на клубот и фудбалер во првиот состав од 1923 година – Благој Кабакочев – Барбата.
Ова е вистински доказ дека Тиверија е повеќе од клуб – тоа е семејство што не заборава свои!

#Хуманитарно #Струмица #ФКТиверија #ЗаНина #ЗаДругитеСеНавиваТиверијаСеСака

Address

Strumica
2400

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ФК Тиверија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category