Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“

Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ Ракомет За Секое Дете

Школа за ракомет на најдобриот македонски спортист во Скопје, Свети Николе,
Богданци, Стојаково, Струга, Охрид, Куманово, Чешиново - Облешево, Тетово, Прилеп, Велес. Се гледаме во сала!

Струга е новиот шампион во пионерска конкуренција за сезона 2020/21. Домаќинот со константно водство во текот на целиот ...
30/06/2021

Струга е новиот шампион во пионерска конкуренција за сезона 2020/21. Домаќинот со константно водство во текот на целиот натпревар заслужено го освои трофејот.
Конечен резултат 18:23. Честитки момци!!!
#РакометЗаСекоеДете

Финале во пионерска конкуренција помеѓу  #КЛ7 и РК Струга со директен пренос на официјалниот Јутуб канал на ракометната ...
30/06/2021

Финале во пионерска конкуренција помеѓу #КЛ7 и РК Струга со директен пренос на официјалниот Јутуб канал на ракометната федерација на Македонија 👇
https://m.youtube.com/watch?v=qKERE18iwAA
#Струга2021 #РакометЗаСекоеДете

Пласман во финале за нашите пионери на завршниот турнир во Струга. Победа со резултат 19:25 (11:13)  против нашиот денеш...
30/06/2021

Пласман во финале за нашите пионери на завршниот турнир во Струга. Победа со резултат 19:25 (11:13) против нашиот денешен противник, ГРК Тиквеш.
Во финалето во 19.00 часот наш противник ќе биде подобриот од второто полуфинале помеѓу Металург и домаќинот Струга.
#РакометЗаСекоеДете

Нашите пријатели од Alpsko MK им посакаа многу среќа на пионерите на завршниот турнир во Струга 🙏 #РакометЗаСекоеДете  #...
29/06/2021

Нашите пријатели од Alpsko MK им посакаа многу среќа на пионерите на завршниот турнир во Струга 🙏
#РакометЗаСекоеДете #Алпско

Утре во Струга се игра завршницата од пионерската лига во ракомет за деца родени 2006 и помали. Нашите момци се дел од ч...
29/06/2021

Утре во Струга се игра завршницата од пионерската лига во ракомет за деца родени 2006 и помали. Нашите момци се дел од четирите екипи кои ќе се борат за титулата шампион на Македонија, во првото полуфинале против ГРК Тиквеш.
Среќно момци 💪🏐🤾‍♂️❤️🇲🇰🏆
#РакометЗаСекоеДете

Изминатиот викенд беше многу успешен за нашите пионери и пионерки. И двете групи на деца настапија во своите конкуренции...
28/06/2021

Изминатиот викенд беше многу успешен за нашите пионери и пионерки. И двете групи на деца настапија во своите конкуренции и забележаа добри резултати. Пионерките настапија во група "Б" во која реализираа две победи и два порази, претставувајќи се во добро светло.
Пионерите во групата "Г" имаа учинок 3/3 и без пораз го потврдија пласманот на завршниот турнир каде што ќе имаат можност да се натпреваруваат за титулата. Честитки за сите наши деца 🙏💪👏🏐❤️🇲🇰
Голема благодарност за нашите пријатели од Alpsko MK за поддршката 🙏
#РакометЗаСекоеДете #СеГледамеВоСала

Две победи и два загубени натпревари е конечниот резултат натпреварите кои нашите девојки ги одиграа во групата "Б" во п...
27/06/2021

Две победи и два загубени натпревари е конечниот резултат натпреварите кои нашите девојки ги одиграа во групата "Б" во пионерска конкуренција.
Во двата денешни натпревари загубивме од РК Скопје до резултат 20:15, додека во вечерниот термин ја победивме екипата на ЖРК Илинден Вардар со резултат 20:17 🤾‍♀️🏐❤️🇲🇰
#РакометЗаСекоеДете

Во крајно неизвесен натпревар во кој нашите момци влегоа како благи фаворити, имајќи предвид претходните натпревари од г...
27/06/2021

Во крајно неизвесен натпревар во кој нашите момци влегоа како благи фаворити, имајќи предвид претходните натпревари од групата "Г", по 40 минути игра, тензии, надигрување победивме со резултат 21:20.
Со оваа победа се пласираме на завршниот турнир каде ќе имаме можност да се бориме за титулата пионерски првак на Македонија 🏆
#РакометЗаСекоеДете

Пионерите се пласираа на завршниот турнир.Честитки момци 💪🏐🤾‍♂️❤️🇲🇰
27/06/2021

Пионерите се пласираа на завршниот турнир.
Честитки момци 💪🏐🤾‍♂️❤️🇲🇰

Последен ден од групната фаза на пионерките и пионерите родени 2006 и помали.Нашите пионери играат натпревар против РК А...
27/06/2021

Последен ден од групната фаза на пионерките и пионерите родени 2006 и помали.
Нашите пионери играат натпревар против РК Аеродром во 11.30 часот ⏩https://m.youtube.com/watch?v=cq19_18Z5jc
Нашите пионерки во првиот натпревар од 15 часот играат против РК Скопје ⏩ https://m.youtube.com/watch?v=nGaKDAViKbM ,
додека во вториот денешен натпревар играат против ЖРК Илинден Вардар од 19.30 часот со пренос на ⏩ https://m.youtube.com/watch?v=K5_kYB4N42U 💪🏐🤾‍♂️❤️🇲🇰
#РакометЗаСекоеДете

Втор натпревар и втора убедлива победа на нашите пионери во групата "Г" против РК Јехона со резултат 29:10 (12:6). Утре ...
26/06/2021

Втор натпревар и втора убедлива победа на нашите пионери во групата "Г" против РК Јехона со резултат 29:10 (12:6). Утре не очекува и последниот натпревар од оваа група против екипата на Аеродром.
Честитки момци 💪🏐🤾‍♂️❤️🇲🇰
#РакометЗаСекоеДете

Address

Proleterski Brigadi
Struga
6330

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“:

Shortcuts

Share

Category