17/05/2026
🥋💥На ден 16.05.2026 година (сабота), Џудо Клуб „ДРИМ“ Струга – Македонија испиша уште една блескава страница во својата спортска историја!
Нашиот клуб истовремено настапи на дури ТРИ различни меѓународни натпревари, на ТРИ различни локации и во ТРИ држави, покажувајќи ја силата, дисциплината, пожртвуваноста и шампионскиот дух на нашите џудисти! 🥋
📍 Република Црна Гора – Подгорица🇲🇪
📍 Република Босна и Херцеговина – Соколац🇧🇦
📍 Република Македонија – Скопје🇲🇰
⚔️ На три фронта, во ист ден, со срце оставено на татами, нашите џудисти водеа вистинска спортска битка и покажаа што значи да се носи грбот на ЏК „ДРИМ“ со чест и гордост! 🇲🇰
💥 Ретко кој клуб може истовремено да биде присутен на три различни страни и притоа да освојува медали, да доминира и достоинствено да го претставува својот град и држава. Ова е доказ за огромната работа, квалитетот и единството кое владее во нашиот клуб! ❤️💛
🌟 Со неверојатна енергија, пожртвуваност и шампионски карактер, нашите натпреварувачи уште еднаш покажаа дека ЏК „ДРИМ“ Струга е симбол на борбеност, дисциплина и спортска величина! 👏🏆
🏆 РЕЗУЛТАТИ – ПОДГОРИЦА 🇲🇪
🥈 Мила Стојанова – 2 место
🏆 РЕЗУЛТАТИ – СКОПЈЕ 🇲🇰
🥇 Ајлин Бајрамоска – 1 место
🥇 Амар Бајрамоски – 1 место
🥈 Ненад Костоски – 2 место
🥈 Филип Шипоски – 2 место
🥈 Мартина Салви – 2 место
🥉 Драгица Рафтоска – 3 место
🥉 Борис Мицкоски – 3 место
🏆 РЕЗУЛТАТИ – СОКОЛАЦ 🇧🇦
🥇 Елеонора Јосифоска U14
🥈 Елеонора Јосифоска U16
🥇 Енил Ајдиноски
🥇 Дариан Ночески
🥇 Софија Ноческа
🥈 Божидар Јуловски
🥉 Мила Стојмиловска
🥉 Ѓорѓи Јуловски
👏 Огромна почит за сите наши натпреварувачи, тренери и родители кои со огромен труд, дисциплина и посветеност стојат зад секој успех! Вашата борбеност, храброст и љубов кон џудото се вистинска инспирација! 🥋
🔥 ЏК „ДРИМ“ Струга повторно покажа дека шампионскиот дух нема граници!
Гордо, силно и достоинствено – за Струга и за Македонија! 🇲🇰🏆