05/07/2026
Заврши уште едно незаборавно издание на турнирот во мал фудбал „Св. Наум“ – Мороишта!
Изминативе денови заедно испишавме прекрасна спортска приказна исполнета со борба, емоции, фер-плеј и незаборавни моменти. Благодарност до сите екипи, навивачи, спонзори, судии, волонтери и сите што беа дел од овој спектакл.
🏆 Прво место – Биро Промет
- Второ место – ДООЕЛ Марко
- Трето место – Моме Градња
- Четврто место – Мини Маркет Трајкоски
Честитки до сите екипи за прикажаната игра и спортскиот дух!
📸 Во продолжение погледнете дел од најубавите моменти од овогодинешниот турнир.
Ви благодариме што бевте дел од турнирот „Св. Наум“ – Мороишта 2026. Се гледаме повторно следната година, уште помасовно и уште поспектакуларно!