Трка на Поезијата - Poetry Run

Трка на Поезијата - Poetry Run 26 Мај 2024! Четврто издание на Трка на поезијата во Струга!!
Градска трка на 5км и 10км!
Повеќе информации на нашата страница!

Среќна Нова 2025 година!Трчаме, рецитираме!Се гледаме во 2025 со нови предизвици!
31/12/2024

Среќна Нова 2025 година!

Трчаме, рецитираме!

Се гледаме во 2025 со нови предизвици!

Среќно нека е шампионе!!!
09/08/2024

Среќно нека е шампионе!!!

Happy GLOBAL RUNNING DAY!!!
05/06/2024

Happy GLOBAL RUNNING DAY!!!

Happy world running day!!!We run, we recite!!!Every year, Global Running Day is observed on the first Wednesday of the m...
05/06/2024

Happy world running day!!!

We run, we recite!!!

Every year, Global Running Day is observed on the first Wednesday of the month of June. This year, Global Running Day falls on June 5.

Женска штафета 1.местоБојана НаумовскаХристина СекулоскаМешана штафета 1.местоМарјан Туртуров Александра Маленко Честитк...
02/06/2024

Женска штафета 1.место
Бојана Наумовска
Христина Секулоска

Мешана штафета 1.место
Марјан Туртуров
Александра Маленко

Честитки и за Саше Гацев и Ангеле Илоски кои учествуваа на Полумаратонот кај нашите комшии во Охрид.

Честито за организацијата на !!!

Како и секоја година и оваа имаме победник на нашиот поетски конкурс. Белинда Сипкоска Гаштарова е одбрана едногласно од...
29/05/2024

Како и секоја година и оваа имаме победник на нашиот поетски конкурс. Белинда Сипкоска Гаштарова е одбрана едногласно од комисијата која што ја водеше Ивана Јакимовска.

Уживајте во прекрасните стихови...

Трка?
Не. Повеќе од тоа.
Тоа е до целта километарско танцување,
тоа е искуство, патување,
тоа е упорност и храброст,
тоа е тестирање на границите на човечката издржливост.
Тоа е соочување со предизвик,
тоа е можност за себеспознавање,
тоа е доказ дека нема предавање,
тоа е освојување на нешто неможно
оти, ништо не е невозможно.
Тоа е телесна болка што ослободува,
тоа е повеќекратно умирање и оживување
тоа е желба за себенадминување.
Тоа е монотона километарска борба со самиот себе,
игра на бесконечност,
тоа се потечени зглобови, испукана кожа,
болки во коленото, мачнина, жед,
тоа се стапала над земјата до недоглед.
Тоа се илјада причини да се откажеш
и една единствена да останеш
за првиот длабок здив после последниот чекор на целта
кога недостижното ќе го достигнеш.

Четврта година во низа наш освежувач на настанот е ГОРСКА, Бкагодариме за укажаната желба за соработка со нас и успехот ...
29/05/2024

Четврта година во низа наш освежувач на настанот е ГОРСКА, Бкагодариме за укажаната желба за соработка со нас и успехот кој што заедно го испишуваме.

❤️

Почитувани учесници на четвртото издание на Трка на Поезијата со огромна благодарност до сите што учествувавте на ова из...
28/05/2024

Почитувани учесници на четвртото издание на Трка на Поезијата со огромна благодарност до сите што учествувавте на ова издание и се држевте до одлуките на нашиот организационен одбор за навремено пријавување и учество на нашиот настан.

Нашиот настан за пријавување се отвори на 5 септември 2023 година и траеше до 30 април 2024 со цел да има повеќе време за секој поединец да се изјасни на која трка ќе земе учество и под кој тим да учествува.

Со едногласна одлука и искуството од минатото, ние решивме дека после поминување на рокот за пријавување ќе нема промени на стартните бројчиња (од едно на друго име), ќе нема промени во трките (5 и 10км), ќе нема промена од клуб во клуб поради фер плеј со останатите натпреварувачи.

Но, и покрај нашите известувања имаше и поединци кои истата наша одлука не ја почитуваа и преку телефонски повици, смс пораки пробуваа и вршеа притисок преку директни закани кон наши членови на здружението за да го остварат нивното барање кое беше против одлуката која ние ја донесовме.

Со таа цел се донесе одлука лицата кои што инсистираа на промена преку горенаведените начини врз нас, да им се забрани учество на нашиот настан во следните пет години.

Оваа одлука не е ништо лична кон поединци туку е молба за разбирање и почитување на учесниците и организаторите на овој тип на настани кои се трудат да ја зголемат традиција и воздигнат атлетиката на каков било начин.

Додека ги очекуваме фотографиите, да се потсетиме како изгледаа дечињата кои во поголем број од 300 зедоја учество!Благо...
27/05/2024

Додека ги очекуваме фотографиите, да се потсетиме како изгледаа дечињата кои во поголем број од 300 зедоја учество!

Благодарност за сите кои учествуваа на ова прекрасна детска манифестација БОГРАД ДЕТСКА ТРКА.

Почитувани, во тек е прикачување на фотографиите од четвртото издание на Трка на Поезијата на moments.mk. Ви благодариме...
26/05/2024

Почитувани, во тек е прикачување на фотографиите од четвртото издание на Трка на Поезијата на moments.mk.

Ви благодариме за разбирањето.

Победнички на 10км на четвртото  издание на Трка на Поезијата
26/05/2024

Победнички на 10км на четвртото издание на Трка на Поезијата

Address

Struga

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Трка на Поезијата - Poetry Run posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Трка на Поезијата - Poetry Run:

Shortcuts

Share