04/07/2025
И за крај сакаме да се заблагодариме на сите ЕКИПИ кои земаа учество на Турнирот, на СУДИСКАТА ДВОЈКА која беше со нас изминатите две години, ПУБЛИКАТА која ни даваше подрашка и голема благодарност до сите СПОНЗОРИ и ПОДРЖУВАЧИ кои издвојуваа средства за одржување на Турнирот, без кои и неможеше да се одражи турнирот.
Ние организаторите на Турнир во мал фудбал Св. Наум Охридски 2025 се надеваме дека бевме добри домаќини, изминатите две години се потрудивме турнирот да го подигнеме на подобро ниво, обезбедивме вредни награди за најдобрите, за нијанса подобри услови од минатогодишните, поделивме над 150 мајци за деца и возрасни.
За следната година се ПОВЛЕКУВАМЕ од организација на турнирот и се надеваме дека ќе продолжи Турнирот со нови лица во организацијата и на уште повисоко ниво.
Ви благодариме.