06/06/2026
Дека Штип и ФК Брегалница се расадник на млади талентирани фудбалери се докажува уште еднаш!
Нашиот креативец Лука Бојаџиев доби повик од селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 20 години Александар Таневски, за пријателскиот натпревар против репрезентацијата на САД, кој ќе се одигра во Петрич, Бугарија на 08.06.2026.
Му честитаме на Лука и му посакуваме со успех да го носи дресот со државниот грб! 🇲🇰⚽