FC Maradona Shtip

FC Maradona Shtip Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from FC Maradona Shtip, Sports Team, Stip.

Фудбалот ги опушта децата, им ја презема грижата, ги учи на помирливост и истрајност, преку фудбалот децата учат како да веруваат во себе, да бидат тим и да не се откажуваат, Фудбалот не е само игра тој гради карактер, дисциплина и здрави навики ⚽️

🏆 Охрид Куп TROPHY PRESENTATION 2026 👉🏻 21 June 📸  🥉
17/07/2026

🏆 Охрид Куп TROPHY PRESENTATION 2026 👉🏻 21 June 📸

🥉

🏖️ Успешно заврши Охрид Летен Камп 2026 ⚽Неколку незаборавни денови исполнети со фудбал, дружење, смеа и прекрасни момен...
07/07/2026

🏖️ Успешно заврши Охрид Летен Камп 2026 ⚽

Неколку незаборавни денови исполнети со фудбал, дружење, смеа и прекрасни моменти покрај Охридското Езеро. 🏊🏻‍♂️

Нашите млади фудбалери не само што ги усовршуваа своите вештини, туку изградија нови пријателства, научија што значат дисциплина, почит и тимски дух, вредности што ќе ги носат со себе и надвор од теренот.

Горди сме на секое дете, на нивниот труд, посветеност и насмевка. Благодарност до родителите за довербата и до тренерите за нивната професионалност и несебична работа, голема благодарност за 👕Motiv Plus за прекрасниот изглед на дечињата 👏
Од Охрид си заминуваме со полни срца, прекрасни спомени и уште поголема мотивација за нови предизвици.🩵

Се гледаме повторно следното лето 🌊☀️⚽

🏆 Охрид Куп TROPHY PRESENTATION 2026 👉🏻 21 June 📸 🥇
28/06/2026

🏆 Охрид Куп TROPHY PRESENTATION 2026 👉🏻 21 June 📸

🥇

🏆 Крај на едно прекрасно патување во Охрид 🇲🇰Денес го завршивме нашето учество на Охрид Куп и гордо се враќаме дома со п...
21/06/2026

🏆 Крај на едно прекрасно патување во Охрид 🇲🇰

Денес го завршивме нашето учество на Охрид Куп и гордо се враќаме дома со прекрасни резултати, многу емоции и незаборавни спомени.

🥇 Генерација 2017 – ОСВОЈУВАЧИ НА ТУРНИРОТ 🏆
🥉 Генерација 2016 – 3-то место 🏆
🏅 Генерација 2018 – 4-то место 🩵

Сите наши деца заслужено се закитија со медали, како награда за нивната борбеност, дисциплина и тимски дух во текот на целиот турнир. 👏
Посебно сме горди што наградата за 🏅 Најдобар играч на турнирот во генерација 2017 ја освои нашиот Тони Клјајиќ, кој со своите настапи покажа квалитет, карактер и лидерство на теренот. ⭐️

Овој турнир ни донесе многу повеќе од резултати, нови пријателства, нови искуства и спомени кои ќе ги паметиме долго време. Благодарност до сите деца, тренери и родители за поддршката и посветеноста во текот на целиот турнир. 🩵
Со полни срца и гордост се враќаме дома, а веќе гледаме кон новите предизвици и успеси што нè очекуваат. 🙏🏻⛵️🛟🏟️

🏊🏻‍♂️ Трет ден во прекрасниот Охрид 🛟Денот го започнавме со посета на Билјанини Извори и црквата ⛪ Church of St. John at...
20/06/2026

🏊🏻‍♂️ Трет ден во прекрасниот Охрид 🛟

Денот го започнавме со посета на Билјанини Извори и црквата ⛪ Church of St. John at Kaneo, уживајќи во убавините и историјата на градот. Потоа следуваше заслужено освежување во водите на Охридското Езеро, каде нашите млади фудбалери уживаа во дружење, смеа и незаборавни моменти. 🌊☀️

Овој турнир не е само фудбал, тоа е пријателство, тимски дух, нови искуства и спомени кои ќе останат засекогаш.

Утре нè очекува голем ден🔥
🏆 2017та генерација ќе игра ФИНАЛЕ, а две генерации ќе се борат за третото место, каде денеска во полуфиналињата немаа среќа на пеналите 🩵

Горди сме на сите наши деца кои со срце, пожртвуваност и дисциплина го претставуваат клубот. Без разлика на исходот, тие веќе покажаа што значи да се биде вистински тим.

🏅Среќнo на сите учесници на турнирот Охрид Куп, утре играме за нови успеси и нови спомени ⚽️

19/06/2026

⛵️ Охрид Куп 2026 - Ден 2 ⚽️

Со голема гордост можеме да кажеме дека сите генерации на FC Maradona Kids обезбедија пласман во полуфинале 🩵⚽️

Дечињата покажаа карактер, борбеност, дисциплина и вистински тимски дух на секој натпревар. Резултатите се награда за нивниот труд, но најголемата победа се насмевките, пријателствата и љубовта кон фудбалот. 🙌
Продолжуваме понатаму со уште поголема мотивација! 💪🔥

⛵️ Охрид Куп 2026 ⚽️Преубав прв ден исполнет со фудбал, дружење и многу позитивна енергијa☀️Браво за сите дечиња кои пок...
18/06/2026

⛵️ Охрид Куп 2026 ⚽️

Преубав прв ден исполнет со фудбал, дружење и многу позитивна енергијa☀️
Браво за сите дечиња кои покажаа голема желба, борбеност и тимски дух на теренот. Секој натпревар беше ново искуство, а најважно од сè беше насмевката и радоста кај децата 👏

#ГордиНаВас #ТимскиДух

Одличен и исполнет викенд за нашите најголеми групи ⚽️Одигравме пријателски натпревар против ФК Биџо од Куманово со гене...
13/06/2026

Одличен и исполнет викенд за нашите најголеми групи ⚽️
Одигравме пријателски натпревар против ФК Биџо од Куманово со генерациите 2013 и 2014. Натпреварот помина во одлична атмосфера, исполнета со многу насмевки, дружење и убав фудбал. 🤝
Најважно од сè, децата уживаа во прекрасната игра, стекнаа нови искуства и покажаа голема желба, борбеност и спортски дух на теренот.
Голема благодарност до ФК Биџо за фер и спортска игра. Ваквите натпревари се вистинска вредност за развојот на младите фудбалери.

🔻Воедно, со задоволство ве известуваме дека отвораме нова група за деца родени 2012 и 2013 година. Веќе броиме околу 15 фудбалери, а вратите се отворени за сите кои сакаат да бидат дел од нашето фудбалско семејство. Секое дете е добредојдено 🩵
🔜 Наскоро нашата школа ќе добие и посебен тренер за голмани, со што дополнително ќе го подобриме квалитетот на работата и развојот на младите таленти.👏

⚽️ Во периодот од 4 до 10 јуни, во хотел „Истатов“ се одржува семинар за стекнување на УЕФА Б лиценца.👉 Тренерите Дарко ...
07/06/2026

⚽️ Во периодот од 4 до 10 јуни, во хотел „Истатов“ се одржува семинар за стекнување на УЕФА Б лиценца.

👉 Тренерите Дарко Николов и Марио Митев се дел од предавањата и практичните тренинзи, со цел да го надградат своето тренерско образование. 📚

Инаку, тие веќе поседуваат УЕФА Ц лиценца и успешно работат со младите категории. Со успешно завршување на семинарот и положување на теоретскиот и практичниот испит, ќе се стекнат со УЕФА Б лиценца, што претставува значаен чекор во нивниот професионален развој и овозможува работа на повисоко ниво и со повозрасни категории. 👏

🇲🇰 ФК Марадона Штип продолжува да вложува во едукација и стручно усовршување на своите тренери, создавајќи уште подобри услови за развој на младите фудбалери. 🩵

Зошто дисциплината прави шампиони 🏆Во нашата фудбалска школа одржавме едукативно предавање на тема „Зошто дисциплината п...
03/06/2026

Зошто дисциплината прави шампиони 🏆

Во нашата фудбалска школа одржавме едукативно предавање на тема „Зошто дисциплината прави шампиони“, со цел децата да ја разберат важноста на дисциплината не само во спортот, туку и во секојдневниот живот. 🔻

Разговаравме за тоа што претставува дисциплината, зошто е важно да се почитуваат правилата, тренерот и соиграчите, како и за улогата на добрите навики во развојот на секој млад спортист. Децата научија дека успехот не доаѓа преку ноќ, туку се гради со труд, упорност, одговорност и посветеност.
Посебен акцент ставивме на тимската работа, меѓусебната почит и важноста на здравите животни навики, како правилната исхрана, доволниот сон и редовното тренирање.⚽️

Веруваме дека вистинските шампиони не се препознаваат само по освоените натпревари, туку и по нивниот карактер, однесување и дисциплина. Затоа продолжуваме да работиме на создавање не само добри фудбалери, туку и добри личности.🤝

🩵 Запомнете: Талентот може да отвори врата, но дисциплината е таа што ве води до врвот и ве задржува таму. 🏅

Address

Stip

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when FC Maradona Shtip posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to FC Maradona Shtip:

Shortcuts

Share

Category