16/10/2026
🏐 НОВА СЕЗОНА, НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ, НОВ ДОМ!
Овој викенд официјално ја започнуваме новата натпреварувачка сезона во Првата одбојкарска лига – жени!
По интензивниот подготвителен период, нашата екипа е подготвена за новите предизвици, со јасни цели, големи амбиции и желба да продолжи по патот на успехот.
Новата сезона ја започнуваме и во нашиот нов дом – спортската сала „Џексон“ во Штип, каде што веруваме дека заедно со нашата публика ќе испишеме нови успешни страници од клупската историја.
Во првото коло, на домашен терен, го пречекуваме тимот на ОК Јанта Волеј КВ од Скопје.
📅 Сабота | 17.10.2026
🕗 20:00 часот
📍 Спортска сала „Џексон“ – Штип
Ги покануваме сите љубители на одбојката да бидат дел од нашето ново поглавје и со својата поддршка од трибините да ни дадат дополнителна сила и мотив за успешен почеток.
Нова сезона. Иста посветеност. Уште поголеми амбиции! 🩷🖤
ОК МЛАДОСТ УГД 🏐