08/03/2026
8ми Март во знакот на природата, движењето и вниманието.
На почетокот на акцијата, секоја дама доби мал, пригоден подарок, скромен гест, но полн со почит и благодарност. Насмевките што следеа беа најубавиот почеток на денот.
Потоа чекорите не поведоа од Суитлак, преку Струмина чешма, се до с. Љуботен. Патека што тивко се протега низ лозја и полиња, со широки видици кон Плачковица, Серта, Конче планина... Пролетта полека се буди, а природата ја раскажува својата најмирна и најубава приказна.
Со убава енергија и безброј насмевки, денот помина лесно, како разговор меѓу добри пријатели и чекори што сами се редат по патеката.
Уште една прекрасна и успешна акција на ПК Лисец, исполнета со дружба, нови пријателства, топлина и спомени што ќе останат со нас.