Superior Runs

Directions Website

Superior Runs ФОТОГРАФИИ SUPERIOR RUNS 2026 👇

http://superiorruns.mk/fotografii

Не мора секогаш да имаш некоја голема цел за да почнеш со трчање. 💙Понекогаш е доволно да сакаш малку повеќе време за се...
28/10/2026

Не мора секогаш да имаш некоја голема цел за да почнеш со трчање. 💙

Понекогаш е доволно да сакаш малку повеќе време за себе, подобра кондиција или едноставно да излезеш од дома и да ја разбистриш главата.

А потоа, некаде по пат, трчањето станува навика. Почнуваш да се радуваш на следниот тренинг, запознаваш нови луѓе и сфаќаш дека можеш многу повеќе отколку што си мислел.

И токму тоа е убавината на трчањето. Секој има свој почеток и свое темпо.

А вие, се сеќавате ли зошто почнавте да трчате?

#Штип

Октомври ни донесе уште еден месец исполнет со трчање, нови лични рекорди и многу километри! Пишете ни на која трка учес...
24/10/2026

Октомври ни донесе уште еден месец исполнет со трчање, нови лични рекорди и многу километри!

Пишете ни на која трка учествувавте и за колку време ја истрчавте?




Тагнете ја трката и напишете го вашиот резултат во коментар. 👇

И додека ги собираме впечатоците од октомври, полека се подготвуваме и за ноември. Пред нас се уште три тркачки настани:

📍 01.11 –
📍 08.11 –
📍 14–15.11 –

На сите организатори и тркачи им посакуваме успешни трки и многу убави моменти на патеката! 💙💛

Сончевиот викенд пред нас нè потсетува на убавата атмосфера од Superior Runs! Искористете го убавото време во Октомври з...
23/10/2026

Сончевиот викенд пред нас нè потсетува на убавата атмосфера од Superior Runs!

Искористете го убавото време во Октомври за некој километар повеќе, добар тренинг, здрава храна и малку време за себе. Не мора секој ден да бркаме рекорди, важно е да останеме активни, да ги негуваме добрите навики и да го задржиме континуитетот.

📸 Фотограф: Дејан М.

Целата фотогалерија ве чека на нашата Facebook страница. Пронајдете се и споделете ги вашите омилени фотографии!

Ако има маратон на кој секоја година вреди да се обрне внимание, Chicago Marathon дефинитивно е еден од нив.Овогодинешни...
12/10/2026

Ако има маратон на кој секоја година вреди да се обрне внимание, Chicago Marathon дефинитивно е еден од нив.

Овогодинешните резултати донесоа неколку интересни статистики, историски времиња и рекорди што заслужуваат посебно внимание. Издвоивме пет моменти од неделниот маратон. 👇

🇰🇪 Amos Kipruto победи во машка конкуренција со време од 2:01:09, второто најбрзо маратонско време истрчано на американско тло.

🇪🇹 Hawi Feysa ја одбрани титулата во женска конкуренција со 2:13:33. А женската трка донесе и нешто што досега не се случило за првпат во историјата три жени завршија ист маратон под 2:15:00! Покрај Feysa, тоа им успеа и на Sharon Lokedi (2:14:07) и Brigid Kosgei (2:14:55).

🇺🇸 Galen Rupp со време од 2:06:55 постави нов американски мастерс-рекорд во маратон, во категоријата мажи 40+.

🇨🇭 Catherine Debrunner постави нов светски рекорд во женскиот маратон со спортски колички, со време од 1:33:16, подобрувајќи го сопствениот рекорд за цела минута.

Денес го одбележуваме 11 Октомври, денот на народното востание. 🇲🇰Ден кој останува важен дел од нашата историја и потсет...
11/10/2026

Денес го одбележуваме 11 Октомври, денот на народното востание. 🇲🇰

Ден кој останува важен дел од нашата историја и потсетник на храброста, решителноста и заедништвото на оние што се бореле за слобода.

Од тимот на Superior Runs, честит 11 Октомври! 💙💛

#11Октомври #ДенНаНароднотоВостание

Октомври е резервиран за трчање.Пред нас се 6 трки, различни градови, различни патеки и уште многу километри за трчање. ...
28/09/2026

Октомври е резервиран за трчање.

Пред нас се 6 трки, различни градови, различни патеки и уште многу километри за трчање. Од Скопје, Македонска Каменица и Охрид, до Прилеп и Кочани, октомври носи по нешто за секој што сака да застане на стартна линија.

Голема поддршка до , , , , Атлетската трка „23ти Октомври“ и . Ви посакуваме успешна организација и одлични трки!

А на сите што ќе трчаат, лесни нозе и успешно до целта.

Пиши ни во коментар на која трка ќе трчаш? 👇

Megan Eckert истрча 1.024 километри за 6 дена на шестдневна ултратрка во Унгарија и стана првата жена што ја поминала гр...
12/09/2026

Megan Eckert истрча 1.024 километри за 6 дена на шестдневна ултратрка во Унгарија и стана првата жена што ја поминала границата од 1.000 километри во ваков формат.

Во ваква трка часовникот не застанува. Тркачите сами одлучуваат кога ќе спијат, кога ќе јадат и колку долго ќе паузираат, а победува оној што ќе помине најголема дистанца во 144 часа.

Уште повпечатливо е што Megan не само што постави историски резултат кај жените, туку ја доби и целата трка overall.

Ваквите моменти се потсетник дека трчањето не е секогаш само брзина. Понекогаш е издржливост, ментална сила и способност да продолжиш кога телото одамна ти вели да застанеш.

Денес го славиме 8 Септември денот на независноста на Македонија.Ден за гордост, за заедништво и за потсетување дека сек...
08/09/2026

Денес го славиме 8 Септември денот на независноста на Македонија.

Ден за гордост, за заедништво и за потсетување дека секој чекор напред го правиме заедно.

Нека ни е честит празникот и нека продолжиме да ја носиме Македонија со гордост, каде и да нè однесе патеката.

Честит 8 Септември од тимот на Superior Runs! 🇲🇰🏃‍♂️🏃‍♀️

Како го започнувате денот? Некој со кафе, некој со уште 10 минути во кревет, а некој со патиките на нозе и неколку килом...
30/08/2026

Како го започнувате денот?

Некој со кафе, некој со уште 10 минути во кревет, а некој со патиките на нозе и неколку километри пред сите обврски.

Утринското трчање си има нешто свое.. градот е помирен, главата се расчистува, а после некако и денот полесно си тргнува. И не секогаш мора да биде долг тренинг за да го почувствуваш тоа, понекогаш и неколку километри се сосема доволни.

Голема благодарност до Никола Г. што ги фати овие прекрасни моменти.

📍 Целата фото-галерија е достапна на нашиот Facebook:
facebook.com/superiorruns/photos_alb

А вие, како најчесто го започнувате денот? 👇

27 километри пливање не се мала работа, особено кога се плива во ладните води на Охридското Езеро.Утре, 30 август нашиот...
29/08/2026

27 километри пливање не се мала работа, особено кога се плива во ладните води на Охридското Езеро.

Утре, 30 август нашиот штипјанец Милан Димитровски ќе тргне од Охрид со една цел, да стигне до Св. Наум пливајќи цели 27 километри во отворена вода.

За Милан ова не е првиот предизвик. Се има испробано во повеќе дисциплини, а зад себе има и успешно завршен Ironman во Италија.

Доколку успее да ја помине целата релација, Милан ќе стане првиот штипјанец кој ги препливал овие 27 километри од Охрид до Св. Наум.

Милан, ти посакуваме многу среќа. Superior Runs и цел Штип се со тебе! 💙


Да му дадеме поддршка во коментар 👇

Address

Stip
2000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Superior Runs posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category

Nearby gyms & sports facilities