Велосипедска Федерација на Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Велосипедска Федерација на Македонија

Велосипедска Федерација на Македонија Официјална страница на Велосипедската Федерација на Македонија.

🇲🇰Македонската репрезентација пристигна во Чапљина, Босна и Херцеговина, каде утре ќе настапи на Балканското XCO првенст...
13/06/2026

🇲🇰Македонската репрезентација пристигна во Чапљина, Босна и Херцеговина, каде утре ќе настапи на Балканското XCO првенство🇧🇦По денешниот тренинг и запознавањето со патеката, нашите натпреварувачи се подготвени да го дадат својот максимум и достоинствено да ги бранат боите на Македонија. Патеката е технички предизвикувачка, со рок-гарден секции, вештачки препреки, стрмни искачувања и динамични спустови кои ќе бараат концентрација, вештини и физичка подготвеност🔥Им посакуваме многу успех на нашите репрезентативци во борбата за што подобар пласман за Македонија!💪🇲🇰🚵

Во рамките на Балканското првенство во Косово, претседателот на Велосипедската федерација на Македонија, Емил Цветанов, ...
08/06/2026

Во рамките на Балканското првенство во Косово, претседателот на Велосипедската федерација на Македонија, Емил Цветанов, оствари значајни средби со Теута Шеху - Координатор за едукација од Светскиот центар на УЦИ, со Емин Муфтуоглу - претседателот на Балканската велосипедска унија, како и со Авни Нуха - претседателот на Косовската велосипедска федерација кој во знак на благодарност за учеството и придонесот му врачи благодарница на претседателот на ВФМ🙌На средбите беа водени конструктивни разговори за понатамошна соработка, развој на велосипедизмот во регионот и можностите за поддршка на федерацијата преку програмите на УЦИ🌏🇲🇰

Срдечни честитки и благодарност до Косовската велосипедска федерација за одличната организација на Балканското првенство!👏🚴‍♂️

🚴🇲🇰 Финиш на друмските трки на Балканското првенство во Косово!Нашите репрезентативци уште еднаш достоинствено, борбено ...
07/06/2026

🚴🇲🇰 Финиш на друмските трки на Балканското првенство во Косово!
Нашите репрезентативци уште еднаш достоинствено, борбено и со големо срце ги бранеа боите на Македонија на балканската сцена. Секој настап беше исполнет со максимална посветеност, желба за докажување и борба до последниот километар.
📊 Пласмани на македонските претставници:
Women Elite
-Дуња Иванова 6 место
-Елена Петрова 10 место
Men Elite
-Иван Илијевски 26 место
U19M
-Константин Костоски 5 место
-Кирил Анчевски 22 место
-Мартин Спасевски 26 место
U17W
-Оља Цветанова 8 место
U17M
-Марко Блажески 19 место
-Матеј Јовановски 23 место

Секој резултат е дел од процесот на растење и стекнување драгоцено меѓународно искуство. Патот кон врвот се гради чекор по чекор, а нашите велосипедисти покажаа дека поседуваат карактер, упорност и потенцијал за уште поголеми успеси.
Пред нас има уште многу работа, но енергијата, мотивацијата и желбата за напредок се на високо ниво✅Продолжуваме да работиме, да се развиваме и да го градиме македонскиот велосипедизам.
Честитки до сите натпреварувачи, тренери и членовите на тимот за поддршка за вложениот труд и достојно претставување на Македонија на Балканското друмско првенство!🚴‍♀️🇲🇰🚴‍♂️

Сребро за Македонија на Балканското друмско првенство🚴‍♀️🎉Македонската репрезентација денеска го имаше својот прв настап...
05/06/2026

Сребро за Македонија на Балканското друмско првенство🚴‍♀️🎉Македонската репрезентација денеска го имаше својот прв настап на Балканското првенство во Косово, кое започна со дисциплината индивидуален хронометар⏱️Одличен резултат оствари Елена Петрова, која во конкуренција на сениорки се пласираше на второто место и го освои сребрениот медал за Македонија👏🥈Упатуваме искрени честитки до сите наши репрезентативци кои денеска покажаа храброст, решителност и борбен дух во битката против часовникот💪Константин Костоски, Кирил Анчевски, Иван Илијевски, Мартин Спасевски, Оља Цветанова, Шасивари Мубарек, Марко Блажевски, Матеј Јовановски - под водство на селекторот Марјан Петровски и тимска поддршка на Сенад Идризи, Оливер Насков и Кире Спасевски🇲🇰 Балканското првенство, чиј домаќин е Косово, ги обедини велосипедистите од Македонија, Романија, Албанија, Грција, Молдавија, Турција, Кипар и Бугарија. Натпреварувањата продолжуваат утре и во недела со друмските трки, на кои на нашите велосипедисти им посакуваме многу успех, среќа и нови одлични резултати.
Напред Македонија! 🇲🇰🚴‍♀️🚴‍♂️

Во рамки на традиционалната спортска манифестација „Прв до Врв“, денеска се одржа друмската ридска трка од лигата на Вел...
17/05/2026

Во рамки на традиционалната спортска манифестација „Прв до Врв“, денеска се одржа друмската ридска трка од лигата на Велосипедската федерација на Македонија, во организација на ВФМ и ВК Енерџи🚴‍♂️Патеката кон врвот на Водно уште еднаш потсети зошто оваа трка има посебно место во календарот - кратка, интензивна и сурово искрена. На ваков тип искачување нема многу простор за калкулации и тактики, туку само чиста сила, ритам и способност да се оди „all out“ до самиот финиш🔥Во одлична атмосфера и со голема борбеност на сите категории, натпреварувачите приредија вистински спортски дух и возбудлива трка на падините на Водно.Честитки до сите учесници за настапот, како и благодарност до организаторите, клубовите и поддржувачите за успешната реализација на настанот!👏🇲🇰

Подготвени за нов предизвик?💪На 17 мај, како дел од лигата натпревари на ВФМ следува трката „Прв до Врв“ во коорганизаци...
14/05/2026

Подготвени за нов предизвик?💪На 17 мај, како дел од лигата натпревари на ВФМ следува трката „Прв до Врв“ во коорганизација на Велосипедската федерација на Македонија и ВК Енерџи🚴‍♂️🇲🇰

📍 Датум: 17.05.2026
⏰ Старт: 09:45 часот

🔹 Категории – Средно Водно
• U13
• U15
• Кадети

🔹 Категории – „Прв до Врв“
• Јуниори
• Сениори
• Жени
• Мастерс

📩 Пријавување:
[email protected]
Најдоцна до четврток, 14.05.2026 до 12:00 часот.

ℹ️ Дополнителни информации:
• Секој натпреварувач настапува на сопствена одговорност.
• Задолжително е користење на заштитна кацига.
• Организаторот го задржува правото на измени во случај на непредвидени околности.
• Со самата пријава клубовите потврдуваат дека натпреварувачите се здравствено способни за настап.

Ве очекуваме! 🚴‍♀️🔥

Вчера во Битола се одржа уште едно успешно издание на Uphill Smolevo, во организација на Extreme Bike Team Bitola и Вело...
11/05/2026

Вчера во Битола се одржа уште едно успешно издание на Uphill Smolevo, во организација на Extreme Bike Team Bitola и Велосипедската Федерација на Македонија💪🇲🇰 Секоја година оваа трка носи посебна енергија, со одлична атмосфера, посветеност на организаторите, внимание кон секој детал и вистински спортски дух на патеката🙌 Голема почит за сите натпреварувачи кои со огромна желба, труд и љубов кон спортот дадоа свој придонес за уште едно прекрасно издание! Ваквите настани го градат и развиваат велосипедизмот и создаваат инспирација за нови генерации. Честитки за најбрзите и за сите кои се осмелија да застанат на стартната линија🔥🚵🚵‍♀️🏆

Стартуваме🏁МТБ сезоната официјално започнува!💪🚵🚵‍♀️🏆
05/05/2026

Стартуваме🏁МТБ сезоната официјално започнува!💪🚵🚵‍♀️🏆

🏁 Официјално со оваа трка, заедно со Велосипедска Федерација на Македонија ја започнуваме МТБ натпреварувачката сезона во нашата држава за оваа година 🥳 Голема благодарност за поддршката и успешна сезона на сите лиценцирани натпреварувачи 🚵🇲🇰

🇲🇰Ве покануваме на велосипедската трка „Смолево Uphill Race Битола“, која ќе се одржи на 10.05.2026 во Бајк парк Смолево...
30/04/2026

🇲🇰Ве покануваме на велосипедската трка „Смолево Uphill Race Битола“, која ќе се одржи на 10.05.2026 во Бајк парк Смолево, во организација на Велосипедската федерација на Македонија и Екстрим Бајк Тим - Битола🏆
📍 ПРОПОЗИЦИИ: ▪️ Должина на патека: 2,8 км
▪️ Висинска разлика: +187 м
▪️ Старт: пред црквата во Смолево
▪️ Цел: Собирен канал за Стрежево
▪️ Опрема: задолжително носење заштитна кацига
🏁 КАТЕГОРИИ
🔹 Лиценцирани велосипедисти:
U-13 | U-15 | Јуниори | Кадети | Сениори | Мастерс | Жени
🔹 Нелиценцирани (хоби):
▪️ 12–16 години
▪️ 16+ години
▪️ Жени хоби
▪️ Ветерани 45+
▪️ Електрични велосипеди
📝 Линк за пријавување: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfekJo-tkS-Wk6Rgz03cVVLSknZgf67B7PHRDF2933Nuyxu-g/viewform?pli=1
📍 Линк до локација:
https://maps.app.goo.gl/ZyJ3WxLVdnC3f9ui9?g_st=av
🕒 АГЕНДА:
▪️ Подигање стартни броеви: 09:30 – 10:45
▪️ Старт на трка: 11:00
▪️ Прогласување победници: 14:00
🚗 Паркинг: пред црквата во Смолево

🔥 Подготви се за предизвик, адреналин и одлична атмосфера на една од најубавите uphill трки кај нас!
Extreme Bike Team Bitola

🇲🇰Репрезентацијата на Македонија подготвена за настап на престижната трка Tour of Bosnia and Herzegovina! 🇧🇦 Меѓународна...
17/04/2026

🇲🇰Репрезентацијата на Македонија подготвена за настап на престижната трка Tour of Bosnia and Herzegovina! 🇧🇦 Меѓународна етапна трка како дел од календарот на УЦИ - три сериозни етапи кои ги поврзуваат различните региони на Босна и Херцеговина – од главниот град Сараево, преку Мостар и Љубушки, до финалето на Јадранското крајбрежје во Неум со вкупна должина од околу 390 километри со над 4.400 метри искачување, што ја прави трката предизвикувачка и атрактивна за сите тимови🔥Боите на Македонија ќе ги бранат:
Александар Милошевски, Ведран Чичов, Петар Зулумовски, Иван Илијевски и Јован Паневски, под водство на селекторот Марјан Петровски и Милан Нацевски како дел од екипата.
Им посакуваме многу среќа, успешен настап и безбедни километри на нашите натпреварувачи. Нека дадат сѐ од себе и гордо ја претставуваат Македонија! 💪🇲🇰
Среќно момци!

Address

Gradski Park, KK Rabotnicki PF5
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Велосипедска Федерација на Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category