31/08/2024
💫 Еве неколку совети 💫 заедно да ги мотивираме децата да го засакаат спортот и заедно да уживаме во спортските активности:
👉 1. Користете поддршка, бодрење и пофалби како за Вашето дете така и за неговата екипа, затоа што само на таков начин кај детето се развива чувство на сигурност и самодоверба
👉 2. Избегнувајте критики и казни, затоа што тие поттикнуваат чувство на несигурност и неуспех.
👉 3. Немојте од детето да очекувате премногу и да поставувате големи барања. Ако на самиот почеток очекувате од него да биде најдобро, тоа може да ја намали самодовербата и да доведе до повлекување и тешко вклопување во она што го прави.
👉 4. Избегнувајте критики за противникот, затоа што тој начин кај детето се развива чувство зана тимска и фер игра.
👉 5. Трудете се да не му пречите и сугерирате на детето за време на тренинзите, затоа што детето ќе ги гледа Вашите реакции, наместо да се опушти и ужива во тренингот.