08/03/2026
На 07.03 во просториите на нашиот клуб се одржа јуниорското државно првенство во билјард во категорија до 18 години, каде што учество земаа 15 најдобри јуниори од целата држава.
Особено сме горди на нашите јуниори од БСК Гран Клуб кои покажаа врвна игра, дисциплина и борбеност и успеаа да ги освојат првите три места и тоа:
1. место - Марин Дончевски 🥇
2. место - Гаврил Џинго 🥈
3. место - Дарио Иванов 🥉
Покрај медалите кои ги освоија нашите натпреварувачи, вредно е да се напомене дека Калин Николовски (13 год) успеа да го освои високото 5-то место.
Истовремено, паралелно со јуниорското државно првенство во нашиот клуб се одржа и државно првенство во категорија ветерани, а нашиот најискусен играч Дејан Сипковски го освои третото место и се закити со бронзен медал