20/02/2026
🇲🇰⚽СЕМИНАР ЗА НОВИ ФУДБАЛСКИ СУДИИ
Почитувани,
Општински Фудбалски Сојуз Аеродром ги известува сите заинтересирани кандидати дека ќе организира семинар за нови фудбалски судии. Семинарот има за цел едукација и стручно оспособување на нови судии кои ќе бидат дел од натпреварувањата под надлежност на ОФС Аеродром и ФФМ.
🔹 Право на учество:
Кандидати на возраст постари од 18 години
Љубители на фудбалот со желба за професионален развој
🔹Семинарот ќе опфати:
Правила на фудбалската игра
Теоретска Обука
📍 Местото на одржување и датумот на одржувањето на семинарот ќе бидете дополнително известени.
Ги повикуваме сите млади и амбициозни љубители на фудбалот да ја искористат можноста и да станат дел од судиската организација при ОФС АЕРОДРОМ.
Сите заинтересирани можат да се пријават по електронска пошта со Име и Презиме и телефонски број.
Со почит,
ОФС Аеродром
--
Адреса: Ул. Видое Смилевски Бато 77/3-56
Скопје- Аеродром
Телефон: +38970-360-557
+38970-404-023
Email: [email protected]