Тениски Клуб Југ

Тениски Клуб Југ ТК ЈУГ е клуб со најдолга традиција во тенискиот спорт во нашата држава.

Тенискиот клуб ЈУГ е клуб со најдолга традиција во тенискиот спорт во нашата држава. Од долгогодишната тениска историја на тенискиот клуб ЈУГ потекнуваат најпознатите тенисери и тениски работници.

Со својата местоположба во градскиот парк и со инфраструктурните услови ( 7 земјени терени, едно бетонско игралиште, три терени покриени и оспособени за користење во зимски услови, соблекувални и други

пропратни содржини) тенискиот клуб ЈУГ нуди извонредни услови за тенис.

Тенискиот клуб ЈУГ е актуелно собиралиште на вљубениците во тенисот од сите генерации. Во тенискиот клуб ЈУГ се негува и рекреативниот и натпреварувачкиот тенис. Сепак главната определба на клубот е создавањето на тенисери – натпреварувачи со високи квалитети кои можат достојно да се натпреваруваат надвор од границите на нашата држава.

Од осамостојувањето на Р. Македонија во тенискиот клуб ЈУГ најголемо внимание се посветува на тренерската и стручна работа со тенисерите од најмала возраст. Со нив работат високо едуцирани тренери, сертифицирани и лиценцирани од Македоската Тениска Федерација. Клубот го одржува квалитетот со континуирана едукација и доедукација. Тенискиот клуб ЈУГ во континуитет дава акцент на анимирање и зголемување на бројот на децата кои играат тенис како би се овозможилосоздавање што повеќе квалитетни тенисери.

Со цел тенисерите да се чуствуваат како дел од квалитетен тениски центар, клубот изготвува програма на секој шест месеци која тенисерите и нивните родители можат да ја видат и да добијат информација до каде се нивните деца и кои се фазите кои ги очекуваат.

Address

Градски парк б.б.
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 23:00
Tuesday 08:00 - 23:00
Wednesday 08:00 - 23:00
Thursday 08:00 - 23:00
Friday 08:00 - 23:00
Saturday 08:00 - 23:00
Sunday 08:00 - 23:00

Telephone

075 430 405

Website

jug.mk/

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Тениски Клуб Југ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share