EXTREME POWER CITY – SKOPJE како Авто Клуб постои од 1- ви Октомври, 2016-та година. Пред се, активностите во клубот се базираат на културни собири и дружења со луѓе кои што ја делат истата пасија, имаат иста цел и размислувања околу модификација на автомобилите и се секогаш расположени за дружење. Клубот и членовите на EXTREME POWER CITY поради желба за подигање на свеста на луѓето за Tuning сцен
ата на територијата на Р. Македонија, се стремат строго кон квалитет. На различни натпревари од Tuning Styling до DB Drag, освоени се многу значајни награди, кои служат како мотив за натамошни успеси. Клубот има многу пријатели како низ Македонија, така и широко низ Балканот.
Секој поединец доколку сака да биде член на Авто Клубот ‘’EXTREME POWER CITY’’ – SKOPJE , треба да ги почитува следните правила:
1. Прифати го клубот како организација на пријатели кои сакаат автомобили и дружење.
2.Годишна членарина е 2000 денари.
3. Обиди се и биди спремен секогаш да му помогнеш на секој член во клубот, доколку побара помош.
4. Биди свесен за различните ставови и почитувај го туѓото мислење.
5. Секоја критика прифати ја како добронамерен совет.
6. Клубот го водат луѓе избрани од самите членови.
7. Сите членови треба да го прифатат фактот дека се менливи.
8. Секој член треба да придонесе или барем да се обиде за подобрување на клубот.
9. Карактерните различности на членовите во клубот треба да се афектираат позитивно во однос на клубот.
10. На свикан состанок, присуството е ЗАДОЛЖИТЕЛНО.
11. Состанокот да не се доживува како обврска, туку како средба со драги пријатели.
12. Како на состанок, така и на собири и надворешни дружења, биди редовен и секогаш на време.
13. Секое мислење во врска со клубот, изнеси го на состанок, а не на приватни дружења.
14. Доколку постои било каков проблем, тој се решава исклучиво во рамките на клубот.
15.Тоа што се организира, случува, разговара и прави, да не се прекажува на некој што е надвор од клубот.
16. ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на рекламен материјал со принт на клубот на организирани изложби(маички,капчиња,стикери на кола....).
17.ЗАДОЛЖИТЕЛНО СПОДЕЛУВАЊЕ НА ОБЈАВИ СПОДЕЛЕНИ ВО ИНТЕРЕС НА КЛУБОТ
18. Доколку сметаш дека клубот ти створува оптеретување на приватен, професионален или било каков друг план, биди фер, напушти го клубот и остани пријател.
19.Секое задоцнување или отсуствување на веќе договорен настан, се казнува парично.
20.Доколку не се почитуваат правилата од страна на членовите,истите ке бидат исклучени од тимот и нема да добијат надоместок.
*** БИДИ ГОРД НА СВОЈОТ КЛУБ ***
Компании,лица кој досега помогнале и соработувале на тимот:
-ГЕНЕРАЛНИ СПОНЗОРИ : AVERS i DURACELL AKUMULATORI,
- ADMIRAL,INFINITY,SPORTSKO RADIO 90,3 , TV 24, HEPY RADIO,BRISK MACEDONIA,AMSTERDAM ANDZELI,CINEPEXX,MAKOIL,VINKA TEKS,COFFEELIX,DJ MATS,ROCK AND ROLL STUDIO,PNEUMATIK,OPEL SERVIS KARDAS,STYLING BELIC,MA-FRA MACEDONIA,KALAPLAKAT,MAGIC SERVICE,AUTOLUX,DOMOT ZA DECA 11 OKTOMVRI,VERO MARKETI,BRI4KA,SC.BORIS TRAJKOVSKI ,HOTEL ORANGE INN,HOTEL PORTAL,POPE COMPANY,PRINT PRESS,MOTO KAR, EMITER,CLUB FM 103,4 ,IWAYO, JASMINA MARKOVSKA,OLIVERA PETRUSEVSKA,MAJA MILOSEVSKA ,DEDO MEDO 3 ......... ITN