18/12/2025
Пред да дојде сезоната - секогаш е добро да се потсетиме 👇
На кратко да претрчаме низ состојките на муабетот:
👉 - Пред тргнување во нова авантура, да си додадеме во списокот со опрема кој го проверуваме пред секое заминување и ставка прашање: „Дали знам што правам?“, „Дали се потсетив/исплашив?“...
4 главни состојки за лавина: снег, временски услови, терен и предизвикувач...
- Во 90% од случаите со жртви во лавини: или жртвата сама ја предизвикала лавината или некој близок од групата. Тоа значи дека не влегуваме во непознатото и спорадично ни паѓаат лавини - ние сме главниот предизвикувач...
👉 Најважно: детекција на замките кои ни ги сервира умот
Можеме да знаеме се': да проучуваме кристали на снегот, да гледаме профил на слоеви, да следиме прогнози, температури, правец на ветер, да ја гледаме „големата слика“ на терен, да се движиме еден по еден и да се исчекуваме кога поминуваме „сомнителен терен“ итн итн - но сепак сите сме подложни на замки кои ни ги сервира умот, кои прават да заборавиме се' што знаеме и кои во (нај)голема мера и се виновни за „едната лоша одлука“.
🛑 Дел од тие замки - кои никогаш не се добра причина за продолжување:
- Се движиме во „познат терен“, во кој сме биле „милион пати“, “има траги од други кои поминале“, „ништо не се случило до сега овде“;
- Фокусираност на цел: долго време планирана тура која „мора“ да се помине или врв кој „мора“ да се качи сега/денес;
- Бркање на првиот и последниот снег: „кој знае од кога не сум бил на снег“, „кој знае кога следен пат ќе дојдам пак на снег“, „имам многу работа, семејни обврски - ова мора да го искористам сега“...
- Следење на „експертот“/„искусниот“: помалку искусните прилично лесно и молкум следат „поискусен“ во групата, кој „знае се'“, „бил ваму/таму по светот“... А и експертот од ароганција може да згреши бидејќи до сега ништо не му се случило...;
- Парирање/прифаќање: докажување пред луѓето во групата дека сте им рамни на способностите или пак едноставно дека можете да ги следите и да сте дел од групата;
- (Не)комуникација: знајте ги луѓето во групата - дали сакаат да се безбедни, дали би разговарале за движењето низ чуден терен или само сакаат да бркаат лудило проекти, пуштете глас без страв или срам ако нешто е сомнително...
👉Заминување без базична опрема за движење во снег (пример дерези и цепин) е лудило. Дополнителна опрема пак како лопата, сонда и трекер - во огромна мера ја зголемуваат безбедноста!
По затрупувањето имаме 15-20мин со 90% шанси за преживување кои потоа драстично паѓаат во следните 10+ минути. За ефективни 15-20минути, може да помогнат само трекер, сонда и лопата!
👉Лавини во Македонија се случуваат секоја зима. Комуницирајте, споделете искуство: локација, причина итн. Да градиме будна и свесна заеднца.
🛑Едноставно е: Знајте пред да одите. Учете. Не е тешко и страшно.
Постојат многу информации онлајн, но и курсеви кои домашно ги организираат организации како Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина, Македонска алпинистичка федерација или пак локален алпинистички клуб...
Ако не знаете пак - седнете си во некој дом, ресторан и додека другите се мечат качувајќи нагоре по снегот, уживајте во топло чајче/кафенце и убавиот поглед со испружени нозе... Ќе продолжите со дружењето кога другите ќе се вратат. Не е срамота да не знаете. Секогаш има „следен пат“.
АПЕЛ ДО СИТЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО ПЛАНИНИТЕ - разговораме за кревање на свесноста за опасноста од лавините. Одвојте еден час и изгледајте ја целата епизода - никогаш...