F. K Euromilk - Gorno Lisiche

F. K Euromilk - Gorno Lisiche informativna stranica

⚽4. КОЛО – ВТОРА ЛИГАЧетвртиот експрволигаш ни доаѓа на гости! 🔥Во сабота, 05.09.2026 со почеток во 16:30 часот, на наши...
03/09/2026

⚽4. КОЛО – ВТОРА ЛИГА
Четвртиот експрволигаш ни доаѓа на гости! 🔥
Во сабота, 05.09.2026 со почеток во 16:30 часот, на нашиот стадион го пречекуваме ФК Шкупи.
Распоредот не ни беше наклонет, но тоа е фудбалот. По добрите игри и големиот број шанси во претходните натпревари, каде што среќата не беше на наша страна, веруваме дека конечно сонцето ќе не огрее и нас и ќе се радуваме на првата првенствена победа! ☀️💙
Нашите млади фудбалери заслужуваат поддршка!
📣 Ги повикуваме сите наши верни симпатизери да дојдат во што поголем број и заедно да бидеме нивниот дванаесетти играч!
Еуромилк ГЛ – заедно до првата победа! 💪⚽

⚽ПРВИ ПРВЕНСТВЕНИ НАТПРЕВАРИ ЗА НАШИТЕ МЛАДИ! 💙Денес нашите пионери и кадети за првпат ги одиграа своите првенствени нат...
02/09/2026

⚽ПРВИ ПРВЕНСТВЕНИ НАТПРЕВАРИ ЗА НАШИТЕ МЛАДИ! 💙
Денес нашите пионери и кадети за првпат ги одиграа своите првенствени натпревари во Втората лига, на гостувањето кај Новаци во Могила.
Пионерите претрпеа пораз од 5:1, додека кадетите со одлична игра стигнаа до победа од 2:1. 👏
Честитки за сите наши млади фудбалери! Ова е само почеток и веруваме дека со секој натпревар ќе бидат сè подобри. ❤️⚽
Во недела, 06.09, продолжуваме на нашиот терен против ФК Њу Стар.
Заедно да ги поддржиме нашите млади! 💙

⚽РАБОТНИЧКИ – ЕУРОМИЛК ГЛ 1:0 (0:0)Понекогаш во фудбалот треба да се има и среќа. Денес не победи подобриот, туку посреќ...
29/08/2026

⚽РАБОТНИЧКИ – ЕУРОМИЛК ГЛ 1:0 (0:0)
Понекогаш во фудбалот треба да се има и среќа. Денес не победи подобриот, туку посреќниот тим.
Нашите момци одиграа одличен и борбен натпревар, создадоа 5-6 стопроцентни шанси, еднаш ја погодивме и пречката, но топката едноставно не сакаше во гол. Домашната екипа, пак, го постигна голот од својот единствен удар во рамките на голот и на крајот стигна до победата.
Честитки до двете екипи за фер и коректниот натпревар. 👏
До денес не го коментиравме судењето, но мора да кажеме дека по три одиграни кола забележуваме дека нема ист критериум во судењето. Ние сме нови второлигаши и доаѓаме од Трета лига, а играме против екипи со прволигашко искуство, но од никого не бараме ништо повеќе од фер и коректно судење.
Не сакаме со судиските одлуки да им биде одземено на нашите фудбалери она што чесно го заслужуваат со својот труд, борбеност и пожртвуваност на теренот.
Нема предавање! 💙⚽
Тоа што е наше ќе дојде. Продолжуваме уште посилно, а се надеваме дека и среќата конечно ќе застане на наша страна и дека многу скоро ќе започнеме да ја прославуваме и првата победа.
Браво момци, главите горе! 👏💙
Оваа екипа има квалитет и сигурно ќе дојдат и резултатите! 💪⚽

⚽ТРЕТО КОЛО – НОВ ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК! ⚽Во третото коло гостуваме кај уште еден експрволигаш и добро познато фудбалско име –...
27/08/2026

⚽ТРЕТО КОЛО – НОВ ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК! ⚽
Во третото коло гостуваме кај уште еден експрволигаш и добро познато фудбалско име – ФК Работнички.
Нашите момци одат на натпреварот со голема желба и мотив, подготвени да се надигруваат и да го остават срцето на теренот. 💪⚽
Го респектираме противникот, но веруваме во нашите сили и се надеваме на добар резултат. Нека победи подобриот, во фер и коректна фудбалска битка! 🤝
📅 29.08.2026
(сабота) -16,45
📍 Стадион „Борис Трајковски“ – Маџари
❤️💙 Ги покануваме сите наши симпатизери и верни навивачи да дојдат и да им дадат поддршка на нашите момци!
Заедно сме посилни! Напред Еуромилк ГЛ! 🔴⚪

24/08/2026

Веќе стануваме препознатливи во градот,дојдете и уверете се.Одлични услови и пред се одлични тренери⚽️⚽️⚽️

⚽ ФК Еуромилк ГЛ – ФК Македонија Ѓ.П. 0:1 (0:0)На исклучително спарно и тешко време, со температура од 38 степени, чести...
22/08/2026

⚽ ФК Еуромилк ГЛ – ФК Македонија Ѓ.П. 0:1 (0:0)
На исклучително спарно и тешко време, со температура од 38 степени, честитки заслужуваат фудбалерите на двете екипи за огромното залагање и борбеноста во текот на целиот натпревар.
Натпреварот беше фер и коректен од двете страни, а на крајот победи посреќната екипа – Македонија Ѓ.П., која ја искористи една од своите две шанси за гол.
Нашите момци имаа неколку стопостотни шанси, а по ударот на Стефан Колоски топката заврши во стативата. Сепак, денес среќата не беше на наша страна.
Честитки за гостинската екипа за победата и за коректната игра. Македонија Ѓ.П. е екипа со прволигашко искуство, а за нас ова е нова средина и ново искуство во Втората лига. Ни недостигаат малку среќа и искуство, но токму преку вакви натпревари ќе учиме и ќе стануваме подобри.
Нема предавање! 💪
Одиме напред, ќе учиме од секој натпревар и веруваме дека најдоброто допрва доаѓа.
❤️💙 На крај, огромна благодарност до нашите навивачи, кои денес ја исполнија трибината до последното место и беа со нас до последниот свиреж. Вие сте нашата најголема поддршка!
ФК Еуромилк ГЛ – заедно продолжуваме понатаму! 👏⚽

СИТЕ НА СТАДИОН! 💙⚽Во сабота, 22.08, со почеток во 16:30 часот, на нашиот стадион не очекува уште еден голем предизвик.Ф...
20/08/2026

СИТЕ НА СТАДИОН! 💙⚽
Во сабота, 22.08, со почеток во 16:30 часот, на нашиот стадион не очекува уште еден голем предизвик.
ФК Еуромилк ГЛ – Македонија Ѓ.П.
На гости ни доаѓа екипа со големо фудбалско име и традиција, но ние веруваме во нашите играчи! 💪
Со борбеност, дисциплина и тимски дух да покажеме дека можеме да се надигруваме со секого. Нека биде фер и коректен натпревар, а нека победи подобриот.
Нашите играчи го даваат максимумот на теренот – а вашата поддршка од трибините е дополнителна сила!
Ги повикуваме сите наши верни навивачи да дојдат и да бидат 12-ти играч на Еуромилк ГЛ! 💙👏
Сабота | 22.08 | 16:30 ч.
ФК Еуромилк ГЛ – Македонија Ѓ.П.
Сите заедно за Еуромилк! ⚽💙

ГЛАВАТА ГОРЕ ИДЕМЕ ПОНАТАМУ! 💙⚽️Денес во Струмица одигравме рамноправен и борбен натпревар против екипата на Брера, но д...
15/08/2026

ГЛАВАТА ГОРЕ ИДЕМЕ ПОНАТАМУ! 💙⚽️
Денес во Струмица одигравме рамноправен и борбен натпревар против екипата на Брера, но две наши грешки беа доволни за пораз од 2:0 (1:0).
И покрај резултатот, има за што да бидеме горди. Момците се бореа, дадоа максимум и покажаа дека можат рамноправно да се носат со квалитетни екипи.
Честитки до ФК Брера за победата и голема благодарност за фер и коректниот натпревар. 🤝
Главата горе, момци! Ова е само првиот чекор во првенството. Ќе ги анализираме грешките, ќе работиме уште посилно и ќе се поправаме од натпревар во натпревар.
Веруваме во вас, во вашиот квалитет и во тимскиот дух! 💪
Одиме заедно кон следните натпревари и нови бодови! 🔵⚪️
#ЕуромилкГЛ #ГлаватаГоре #ОдимеПонатаму #ЗаедноДоЦелта

ПРВО КОЛО – НОВА СЕЗОНА, НОВ ПРЕДИЗВИК! ⚽🦊Утре го започнуваме првенството со гостување во Струмица, против екипата на ФК...
14/08/2026

ПРВО КОЛО – НОВА СЕЗОНА, НОВ ПРЕДИЗВИК! ⚽🦊
Утре го започнуваме првенството со гостување во Струмица, против екипата на ФК Брера, клуб кој крајно го респектираме и кој зад себе има настапи во највисокиот ранг на македонскиот фудбал.
Но, на теренот нема да излеземе со страв, туку со верба во себе, борбеност и желба да се натпреваруваме! 💪
Го почитуваме противникот, но веруваме во нашите квалитети. Одиме да одиграме фер, коректен и борбен натпревар, да го дадеме максимумот од првата до последната минута и да покажеме дека ФК Еуромилк ГЛ има што да бара во ова првенство.
Кој ќе биде подобар – нека победи!
Ние на теренот ќе го оставиме срцето за нашиот клуб! ❤️⚽
📅 15.08.2026 (сабота)
⏰ 17:00 часот
🏟️ Стадион „Академија Пандев“ – Струмица
Напред Еуромилк ГЛ! 🦊💪⚽

13/08/2026

Address

Gorno Lisice 69
Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when F. K Euromilk - Gorno Lisiche posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share