29/01/2026
🥊 БОКСОТ СЕ ВРАТИ ТАМУ КАДЕ ШТО ПРИПАЃА, НА ВРВОТ!
Со гордост ја споделуваме веста за најдобрите спортисти за 2025 година (линк во прилог). Фактот што боксерот Ален од Битола е прогласен за најдобар спортист на Македонија е огромна победа за нашиот спорт. Ова е доказ дека индивидуалните спортови се тие што го носат вистинскиот сјај и медали за државата! Додека сите очи се вперени во милионските договори во тимските спортови, индивидуалците: боксерите, борачите, атлетичарите..крварат во тишина, сами против сите, за да го веат македонското знаме на светските подиуми.
🏆 Зошто е ова важно? Овој успех не е случаен. Тој е резултат на години и години поминати во сала. Но, еве ја суровата лекција за сите млади момци кои влегуваат во овој боречки спорт👇
На овој трон не се качуваат „инстант“ боксери кои тренираат само додека не почнат да излегуваат по дискотеки, или глумат. Точно се знае кој освоил значаен медал, кој не. На овој трон се стигнува само ако ги поминеш сите кадетски и младински перипетии и ОСТАНЕШ СЕНИОР. Медалите ги носат тие 3,4 упорни борци во државата кои не знаат за зборот „откажување“.
🧠 Индивидуалниот спорт е суров. Немаш соиграч на кој ќе му ја подадеш топката кога ти е тешко. Во рингот си сам со својата психа. И токму затоа, кога боксер ќе стане спортист на годината, тоа тежи повеќе од сè друго!!!
Млади боксери, гледајте ја оваа слика со пехарот добро. Ако сакате еден ден да бидете на тоа место, заборавете на изговорите. Престанете да бидете „сезонски“ или лажни спортисти. Боксот бара цел човек, цела кариера и бескрајна лојалност.
Честитки до најдобрите! Ние продолжуваме со работа, бидејќи патот до 2026-та почнува уште денес во салата.
Индивидуалните спортови се срцето на Македонија! 🇲🇰🥊
Вечерва се одржа традиционалната манифестација изборот на “Спортисти на годината“ за 2025. Во присуство на премиерот на Р. Македонија, Христијан Мицкоски како и во ....