Вештината на Каратедо практикувана во нашата школа е пред се ментална дисциплина, отколку што е физичка. Кај нас е променет стандардниот начин на настава многу одамна. Нашите анализи покажаа дека доколку си дадеме на нашите нови јасни цели, ние многу подобро ќе се вклучиме во даден процес, нашите умови и невро-мускулни апарати ќе започнат да движат со далеку поголема продуктивност на работната сил
а која се стреми кон конкретно решение на секоја зададена и нова задача. Најважно во оваа вештина е да се научиме да бидеме свесни и точно да ни е во мисла сето она што го правиме. Само преку разбирање на нештата кои ги правиме и преку точна употреба на својата телесната сила, ние ќе успееме да постигнеме неверојатни резултати во целиот процес на нашата обука. Многу поефикасно и многу позабавно.
Каратедо е вештина наменета за култивирање на личноста и карактерот, а второстепено како вештина за самоодбрана.
Со практикување на каратедо, се изучува и усовршува самоконтрола, концентрација и фокус. сталоженоста, самодовербата, духот и храброста раснат во служба на јасни животни цели, и сето тоа проследено со одлична физичка и ментална кондиција.
Бушидо е неразделив дел од изворното карате. Се однесува на тој непишан самурајски морален кодекс, или ако сакате начин на живеење, втемелен во вештината на каратедо, или Патот на Празната Рака. Него седум фундаменти го одликуваат и истите не образуваат нас во денешни воини, урбани самураи. Тие се правда, храброст, милост, почит, искреност, чест, и лојалност, практикувани секојдневно во секој аспект на животот. Бушидо, или Патот на Воинот, ја образува менталната чистина на воинот.
“Шуготенши” е Основачки член на единствената во светот, буџитсу каратедо организација А.С.А.И и е предводена од почитуваниот шихан Кусаку Јокота.