Inter Club Macedonia

Directions Contact the business

Inter Club Macedonia SEMPRE E SOLO FORZA INTER ⚫🔵

INTER CLUB MACEDONIA - ARMATA 🇲🇰🇮🇹

Правилата на оваа страна се следниве:
- Се забранува говор на омраза.
- Се забранува говор кој содржи навреди, уцени, омаловажувања, вулгарни зборови.
- Се забранува пропаганда од било која политичка партија.
- Се забранува рекламирање на други страни, групи.
- Доколку не се сложувате со некој нападнете го неговото мислење, но не и лично него. Лични навреди се забранети.
Непочитувањето на овие правила ќе биде санкционирано со бришење на постовите и коментарите. Доколку и понатаму се продолжи со непочитување на правилата ќе следува банирање.

Крај, Болоња - ИНТЕР 1:3 конечен резултат.Лошо прво, и шампионско второ полувреме за Интер. Клучни беа влегувањата во иг...
17/10/2026

Крај, Болоња - ИНТЕР 1:3 конечен резултат.

Лошо прво, и шампионско второ полувреме за Интер. Клучни беа влегувањата во игра на Аугусто и Бони кои го свртеа резултатот.

Едно од најнезгодните гостувања за Интер помина во најдобар ред. За потсетување, Болоња му “скина” 2 Скудета на Интер во последните 4 сезони.

Нареден натпревар во среда на Меаца против Шахтјор.

🖤💙

Официјален состав на Интер за натпреварот против Болоња од 18 часот. Пренос на натпреварот можете да гледате на Арена 4 ...
17/10/2026

Официјален состав на Интер за натпреварот против Болоња од 18 часот. Пренос на натпреварот можете да гледате на Арена 4 Премиум каналот. 🖤💙

🚨 BREAKING: Лаутаро Мартинез е надвор од терените поради истегнување на мускулите на флексорите на левата бутина.Медицин...
15/10/2026

🚨 BREAKING: Лаутаро Мартинез е надвор од терените поради истегнување на мускулите на флексорите на левата бутина.

Медицинските прегледи во клиниката „Хуманитас“ ја потврдиле повредата. Се очекува аргентинскиот напаѓач да ги пропушти сите натпревари до следната репрезентативна пауза.

🗓️ Натпревари што ќе ги пропушти:

* Болоња 🆚 Интер — Серија А
* Интер 🆚 Шахтјор — Лига на шампиони
* Интер 🆚 Фиорентина — Серија А
* Венеција 🆚 Интер — Серија А
* Интер 🆚 Милан — Серија А
* Феенорд 🆚 Интер — Лига на шампиони
* Интер 🆚 Комо — Серија А

📌 Извор: Sky Sport

Стартните 11 на Киву за натпреварот против Бриж.Пренос на натпреварот во Македонија ќе се емитува на Арена Спорт 1 Србиј...
13/10/2026

Стартните 11 на Киву за натпреварот против Бриж.

Пренос на натпреварот во Македонија ќе се емитува на Арена Спорт 1 Србија.

Крај, ИНТЕР - Парма 3:0 конечен резултат.Одличен натпревар на Интер, доста убедлива игра и 3 гола во првото полувреме за...
10/10/2026

Крај, ИНТЕР - Парма 3:0 конечен резултат.

Одличен натпревар на Интер, доста убедлива игра и 3 гола во првото полувреме за нови 3 бода и прво место на табелата.

После 3 недели без клубски фудбал, конечно Интер ќе го гледаме од 18 часот против Парма. Ова е стартниот тим на Киву. 🖤💙...
10/10/2026

После 3 недели без клубски фудбал, конечно Интер ќе го гледаме од 18 часот против Парма.

Ова е стартниот тим на Киву. 🖤💙

Пренос на натпреварот во Македонија можете да гледате на Арена 4 Премиум МК каналот.

ЛАУТАРО МАРТИНЕЗ ТРЕТ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА НА АРГЕНТИНА!Со вчерашниот гол против Буркина Фасо, Лаутаро Мартине...
04/10/2026

ЛАУТАРО МАРТИНЕЗ ТРЕТ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА НА АРГЕНТИНА!

Со вчерашниот гол против Буркина Фасо, Лаутаро Мартинез испиша уште една страница во историјата и стана трет најдобар стрелец во историјата на аргентинската репрезентација. А во дресот на Интер веќе е третиот најдобар стрелец во историјата на клубот.

Легенда на Интер. Легенда на Аргентина. Играч кој секојдневно го потврдува своето место меѓу најголемите.

И можеби дури кога ќе заврши неговата кариера, целосно ќе сфатиме што сме имале привилегија да гледаме. 🐂

💪🏻🖤💙
03/10/2026

💪🏻🖤💙

ЛАПОРТА: ТОЧНО Е, ГО САКАВ ЛАУТАРО ПО СЕКОЈА ЦЕНА!„Се е точно, сакав да го доведам Лаутаро по секоја цена. Тој е неверој...
30/09/2026

ЛАПОРТА: ТОЧНО Е, ГО САКАВ ЛАУТАРО ПО СЕКОЈА ЦЕНА!

„Се е точно, сакав да го доведам Лаутаро по секоја цена. Тој е неверојатен фудбалер и не сакавме да дозволиме да ни избега. Затоа му се јавив на претседателот Марота, а тој ми кажа дека фудбалерот не е на продажба.

Зошто Лаутаро беше првата цел на Барселона во нападот? Едноставно, затоа што Лаутаро е одличен играч.

Ќе ви раскажам како се одвиваше се. Еден ден му се јавив на Бепе Марота. Само јас и тој, без никакви посредници. Му кажав дека би сакал да го имам Лаутаро во мојот тим и дека многу го ценам како фудбалер.

Но, тој не ми дозволи ни да ја завршам реченицата. Јасно ми кажа дека играчот не е на продажба и дека тој нема да биде човекот кој ќе одлучува дали Лаутаро ќе се пресели или не“, изјави Жоан Лапорта за „Кориере дела Сера“ и „Кориере дело Спорт“.

РИКАРДО ТРЕВИСАНИ: КАМАРДА НЕ МОЖЕ ВО ИСТА РЕЧЕНИЦА СО ПИО ЕСПОЗИТО!„Можеби да зборуваме за Пио Еспозито, бидејќи низ го...
29/09/2026

РИКАРДО ТРЕВИСАНИ: КАМАРДА НЕ МОЖЕ ВО ИСТА РЕЧЕНИЦА СО ПИО ЕСПОЗИТО!

„Можеби да зборуваме за Пио Еспозито, бидејќи низ годините сум го слушал споредуван со Камарда. Сум слушал како велат дека е бавен, дека бавно се врти, дека е само физички силен. Луѓе, Пио Еспозито е играч каков што одамна не сме имале.

Да, Ретеги е добар, Скамака има одличен удар, но тие не се Пио Еспозито. Пио Еспозито е нешто поинакво. На 20 години е она што Лука Тони беше на 25.

Можеме да кажеме дека Тони не бил Ван Бастен и тука се согласуваме, но Тони од 25 години па натаму постигнуваше по 30 гола секоја сезона. Не знам дали Пио ќе постигнува по 30 секоја година, но знам дека ќе постигнува по 20, а потоа ќе подели 3-4 топки како оние што ги подели вчера во првото полувреме. Тој им создаваше шанси и им сервираше топки на соиграчите.

Затоа што Пио Еспозито има нешто што можеби другите не го забележуваат: има фудбалска интелигенција надвор од вообичаеното. На 21 година прави работи на теренот кои е многу тешко да се замислат кај играч на таа возраст.

Тој на извонреден начин ја користи својата физичка сила. А бидејќи не е премногу брз и има неверојатна телесна градба, луѓето не му ја признаваат техничката префинетост. Не е некој со извонредно фина техника, но во рамките на неговата структура и начинот на кој игра, тој го достигнува максимумот што е можен.

Пио е играч кој знае да ја контролира топката, знае да ја поведе напред, знае да игра со соиграчите. Секогаш ги разбира ситуациите, многу е интелигентен и брзо размислува.

Пио Еспозито е центарфорот на Италија во следните 10 години и тоа го зборуваме веќе 15 месеци. Искрено се надевам дека никој повеќе нема да го доведува во прашање или да го вади од игра за да му овозможи на Кеан да игра како крилен напаѓач.“

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Inter Club Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Inter Club Macedonia:

Shortcuts

Share

Category