31/10/2025
Ајде вака да сумираме: На првиот ден од 15-тото Светско шотокан карате првенство, екипата на ШКК Јошитака ги освои следните медали:
1. Бојан Трајкоски, 7-8 години ката индивидуално, второ место
2. Стефан Митевски, 8-9 години ката индивидуално, второ место
3. Борјан Маркоски и Огнен Ѓорѓевиќ, 8-9 години ката индивидуално, трето место
4. Екипата во состав: Бојан Трајкоски, Огнен Ѓорѓевиќ и Стефан Митевски, ката екипно, прво место и СВЕТСКИ ШАМПИОНИ
5. Виктор Јовановски, 10-11 години ката индивидуално, второ место и
6. Јоана Георгиевска, 10-11 години ката индивидуално, трето место.
Денеска исто така настапи и Саша Крајчевска, која за жал не освои медал но имаше фантастична изведба со која демонстрираше вистинска борба и желба за победа.
На сите деца кои денес настапија им честитаме на постигнатиот успех и очекуваме во иднина уште поголема посветеност и да ни се множат одличните резултати!
На родителите од ШКК Јошитака им благодариме на довербата и поддршката!
ОСС!