ZSRRK Vardar Skopje

ZSRRK Vardar Skopje Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ZSRRK Vardar Skopje, Sports Team, Boulevard Kocho Racin 75, Skopje.

ЗСРРК Вардар Скопје им посакува на сите припадници од муслиманска вероисповедЧестит Рамазан Бајрам, да сте живи, здрави,...
20/03/2026

ЗСРРК Вардар Скопје им посакува на сите припадници од муслиманска вероисповед
Честит Рамазан Бајрам, да сте живи, здрави, среќни и весели. Нека овој ден биде благословен со мир, радост и просперитет за вас и вашето семејство. Господ да ви даде здравје, среќа и добрина во секој чекор од вашиот живот!

ЗСРРК Вардар - Скопје се приклучуваат кон сите кои ја подржаа иницијативата поднесена до МЗШВ за намалување на цената на...
10/01/2026

ЗСРРК Вардар - Скопје се приклучуваат кон сите кои ја подржаа иницијативата поднесена до МЗШВ за намалување на цената на републичката дозвола

Денес се одржа 14-от меморијален куп Петре Прличко во организација на ЗСРРК Вардар - Скопје, на кој зедоа учество 7 екип...
21/09/2025

Денес се одржа 14-от меморијален куп Петре Прличко во организација на ЗСРРК Вардар - Скопје, на кој зедоа учество 7 екипи од Македонија и 1 екипа од Србија. Голема благодарност до екипите на: Мак Дам - Куманово, Пчиња - Куманово, Кочански рибар - Кочани, Кркушка - Велес, Бабуна - Велес, Оскар - Кавадарци и Најс - Ниш за учеството на купот и за постигнатите резултати. Во екипна конкуренција I место го освои екипата на Мак Дам - Куманово, II место го освои екипата на Оскар - Кавадарци и III место го освои екипата на Вардар - Скопје. Во поединечна конкуренција I место освои Марјан Ристиќ од екипата на Мак Дам - Куманово, II место освои Кире Малинков од екипата на Оскар - Кавадарци и III место освоиМише Митрев од екипата на Оскар - Кавадарци. Преодниот пехар оваа година го презема екипата на Мак Дам - Куманово.

Со почит,
ЗСРРК Вардар - Скопје

Некои од активностите за и околу одржување на купот Петре Прличко во изминативе години
18/09/2025

Некои од активностите за и околу одржување на купот Петре Прличко во изминативе години

Почитувани, Ве известуваме дека на 21.09.2025 ќе се одржи меморијалниот риболовен куп "Петре Прличко" на езерцето во гра...
17/09/2025

Почитувани, Ве известуваме дека на 21.09.2025 ќе се одржи меморијалниот риболовен куп "Петре Прличко" на езерцето во градскиот парк кај Централ парк. Во прилог е објавена програмата за одржување на купот. Исто така на 20.09.2025 во организација на МРФ ќе се оддржи и купот "Рибарче" на кој ќе земат учество натпреварувачи до 15 години од цела Македонија. БИСТРО

Според законската обврска, ЗСРРК Вардар - Скопје изврши едно од планираните порибување со крап на ревирот Вардар 6 - Дем...
09/07/2025

Според законската обврска, ЗСРРК Вардар - Скопје изврши едно од планираните порибување со крап на ревирот Вардар 6 - Демир капија. Беше порибено со над 100 килограми мали единки на крап. Се замолуваат сите риболовци ако фатат некој крап под мерка (40 см) , да го вратат во вода за да може да порасне. Со почит и БИСТРО

Екипата на ЗСРРК Вардар - Скопје во конкуренција на у15 во дисциплина пливка успешно ги завршија двата натпреварувачки д...
06/07/2025

Екипата на ЗСРРК Вардар - Скопје во конкуренција на у15 во дисциплина пливка успешно ги завршија двата натпреварувачки дена во лигата до у15 во организација на МРФ кои се одржаа на Прилепско езеро. Честитки до победниците, а воедно и до сите учесници и до судиите за фер судењето и до капитените кои ги водеа децата на овие големи горештини.

🏆 Државен првак 2025! 🏆Честитки за Александар Милоски од ЗСРРК Вардар – Скопје за освоеното прво место на државното прве...
06/07/2025

🏆 Државен првак 2025! 🏆
Честитки за Александар Милоски од ЗСРРК Вардар – Скопје за освоеното прво место на државното првенство во кастинг за 2025 година!
Твојата посветеност, техника и спортски дух се гордост за клубот и за Македонскиот спорт!

💪🎣 Напред Александар, кон нови победи!

#Кастинг2025 #ДржавенПрвак #ВардарСкопје #Гордост #СпортскиУспех

🏆 Државни прваци во крапски риболов 2025! 🐟Со огромна чест и гордост објавуваме дека нашиот тим ЦО2 од здружението ЗСРРК...
01/07/2025

🏆 Државни прваци во крапски риболов 2025! 🐟
Со огромна чест и гордост објавуваме дека нашиот тим ЦО2 од здружението ЗСРРК Вардар од Скопје, е новиот државен првак во крапски риболов!
Искрено се заблагодаруваме на судиите за професионалноста и фер судењето, на МРФ – Македонската Риболовна Федерација за организацијата на натпреварите и поддршката.
Овој успех е резултат на посветеност, тимска работа и љубов кон спортскиот риболов.
⏩ Со уште поголема мотивација продолжуваме со подготовките за Светското и Балканското првенство, каде што ќе дадеме сѐ од себе за нашите представници достојно да ја представат Македонија и нашиот клуб!
Напред кон нови предизвици и нови победи! 🎣🇲🇰
БИСТРО и честитки и до останатите тимови од другите Здруженија.

22/06/2025
22/06/2025

Екипата на ЗСРРК Вардар - Скопје по завршување на македонската лига во ловење со пливка го освои првото место во екипна конкуренција. Им честитаме на сите учесници и им посакуваме поголеми успеси. Со почит и Бистро.

06/06/2025

Убав Ден.Почеток на славењето на Духовден и на Курбан Бајрам. "Духовден, во чест на слегувањето на Светиот дух врз апостолите на 50-сетиот ден од Христовото воскресение.
"Курбан Бајрам, прв ден на празникот кој ја подига свеста и посветеноста кон Семоќниот и луѓето." ЗСРРК Вардар - Скопје им честита на сите колеги риболовци со желба да имате многу здравје, среќа и радост.

Address

Boulevard Kocho Racin 75
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:00
Tuesday 08:30 - 16:00
Wednesday 08:30 - 16:00
Thursday 08:30 - 16:00
Friday 08:30 - 16:00
Saturday 09:00 - 14:00

Telephone

+38923238445

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ZSRRK Vardar Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ZSRRK Vardar Skopje:

Share

Category