Стрелачкиот клуб "Стрелец" од Скопје постои од 1985 година, во 2002 година е преименуван во сегашното име на клубот и активно функционира до денес. Прогласуван е 10 години по ред за најуспешен клуб во Р. Македонија и брои повеќе од 100 активни членови. Дел од членовите на клубот се Државни репрезентативци учесници на европски, светски првенства и олимписки игри, а дел од нив се корисници на стипен
дии од Агенцијата за млади и спорт и Олимпискиот комитет на Р.М.
Затоа, ако сте адреналински зависник и до сега не сте имале прилика барем рекреативно да пукате со пиштол или пушка, а Ви била голема желба да пробате, и да ја тестирате Вашата концентрација како и прецизност, тогаш стрелаштвото е вистинскиот спорт за Вас!
Доколку се решите да го тренираате овој спорт, ќе имате можност да пукате со воздушен пиштол или воздушна пушка. Пукањето е на растојание од 10 метри Олимписка дисциплина, а за еден тренинг добивате 40 дијаболи, 5 мети и помош од професионлци.
Цената на месечна членарина изнесува 2000 денари со која добивате оружје, опрема, мети, дијаболи и обука за секој тренинг во текот на месецот, односно секој понеделник, среда и петок во период од 18 до 20 часот додека поединечен рекреативен тренинг изнесува 250 денари.
Стрелиштето се наоѓа во новиот национален тренинг центар за воздушно оружје во Спортска сала “Наум Наумовски Борче” – Карпош на ул. Љубљанска бр.1-1 – Карпош, Скопје, Р. Македонија. Стреланата е со дваесет и четири стрелни места. Стреланата е наменета за користење на воздушно оружје со јачина до 7 џули и cal 4,5 mm на оддалеченост од 10 м и. За секое друго оружје од поголем калибар тренинзите се одржуваат на стрелиштето Камник по претходно закажан термин.
Уплата за членарини спонзорства и донации се врши на жиро сметка: 300000001356872
Назив на примачот: Стрелачки клуб "СТРЕЛЕЦ" - Скопје
Депонент: Комерцијална Банка А.Д Скопје
За сите дополнитлени прашања контакирајте не!