10/06/2023
Чeститки до сите учесници, победници, подржувачи, тениски судии и стручниот тим на Тенис Парк Поинтер за успешно организирање на тенискиот турнир Поинтер Опен 2023. Турнирот е организиран од Европската тениска федерација, а Тенис Клуб Поинтер е домаќин.
На турнирот учествуваа повеќе од 60 тенисери од цела Европа кои ги покажаа своите вештини и страст за тенисот како спорт.
Во поединечна конкуренција за девојки, Емилија Милкович покажа исклучителни вештини и се искачи на врвот, победувајќи ја Гаја Ѓуричкович со резултат од 6:2 4:6 6:2. Оваа победа е резултат на нејзиниот талент и посветеност на играта.
Во категоријата момчиња, Родион Четвериков ја оствари победата на турнирот, победувајќи го Милан Радојчич во финалниот натпревар, со резултат 3:6 6:2 6:0.
Во категоријата двојки како победници излегоа Теона Андова и Теа Ковачевиц, додека второто место го обезбедија Јана Божиновска и Катја Ивановска со резилтат 6:2 5:7 10:7 Нивната напорна работа како тим ги донесе до победата, а нивниот настап беше извонреден.
Во категоријата двојки момчиња, Јован Бјелобрк и Михајло Илич ја покажаа својата умешност и ги совладаа Солен Аертс и Луис Моуфе со резултат 6:1 3:6 10:4
Уште еднаш, честитки до сите учесници, победници,подржувачи, тениски судии и стручниот тим на Тенис Парк Поинтер за нивните напори во организацијата и успешното завршување на турнирот Поинтер Опен 2023 година.
Настаните како овој ги зближува тенисерите и ги инспирираат идните млади генерации играчи.