🕯 In memoriam – Оливер Соколов – Сокол
Оливер Соколов – Сокол беше еден од основачите и водачите на навивачката група Комити.
Трагично го загуби животот на 18 август 1994 година, во сообраќајна несреќа, токму поради неговата пожртвуваност и љубов кон ФК Вардар и групата што ја водеше.
Во негова чест, уште од истата 1994 година се одржува Меморијалниот турнир „Сокол“ – симбол на спортски дух, друг
арство и заедништво.
Првиот организатор на турнирот беше Горан Костовски – Дудо, кој го постави темелот на оваа традиција.
Во 2003 година, организацијата ја презема Никола Ѓеоргиев – Коки, кој континуирано го води турнирот до денес.
Во 2019 година го основа Здружението на граѓани „Оливер Соколов – Сокол“, преку кое од тогаш официјално и институционално продолжува организацијата на турнирот – со истата мисија и духот на Сокол.
Турнирот е поддржан од Општина Карпош, ФФМ, VLT Државна видеолотарија, Министерство за спорт, Град Скопје, Македонска радио-телезивија (МРТ) и бројни пријатели, поединци и фирми – кои сите овие години стојат зад оваа приказна.
Турнирот „Сокол“ стана синоним за спортска посветеност во Македонија. Од година во година расте – не само по организација, туку и по смисла.
Нашата цел е секое издание да ја одрази вредноста што стои зад неговото име: фер-плеј, човечност и искрено чувство на припадност.
Затоа секој натпревар тука носи повеќе од резултат – носи спомен, вредност и чест.