20/07/2025
На овогодинешното Летно Државно првенство кое се одржа од 11 до 13 Јули на олимпискиот базен Центар,нашиот пливачки клуб под ‘палката’ на Живата Легенда Зоран Величковски-Зуф во досега најмлад состав на пливачи се представи во сите категории предвидени на првенството(помлади и постари пионери,кадети,младинци и сениори) и постигна забележителни резултати.
Посебно во конкуренција на постари пионерки се истакна нашата Теодора Колческа која беше прва во дисциплините 50,100 и 200 метри(делфин),втора во кадетска категорија на 100 метри (делфин) и младинска конкуренција,исто така 3 место на 100 метри (краул) и 3 место штафета.
Михаил Алексовски го освои 3 место на 100 метри (градно)во кадетска конкуренција.
Воедно клубот упатува пофалби и честитки до сите наши останати пливачи кои исто така несомнено постигнаа значителни резултати во конкуренција на помлади пионери:
Данило Наумовски
Марта Миленковска
Каја Костовска
Софија Ѓекиќ
Мина Георгиевска
Јаков Арсов
💪👍❤️💪🏆🥇🏅🫶👍💪