27/08/2026
🤽♂️ САКАШ ДА ПРОБАШ ВАТЕРПОЛО? ДОЈДИ ВО ВАРДАР! 🔴⚫
ПВК Вардар отвора уписи за нови членови на возраст од 7 до 12 години и за деца кои веќе тренираат пливање, но и за оние кои допрва сакаат да влезат во светот на водените спортови.
🏆 Ќе тренираш во апсолутниот шампион на Македонија, во клуб во кој се расте низ спорт, дружење, дисциплина и вистински тимски дух.
Тренинзите ги води прославениот македонски ватерполист и тренер Сашко Поповски, кој своето искуство и знаење го пренесува на новите генерации.
📍 Олимписки базен – Скопје
📅 Тренинзи од понеделник до сабота
🕗 Термини од 20:00 часот
Не мора да знаеш ватерполо. Не мора ни да бидеш искусен пливач.
Треба само да сакаш да научиш, да тренираш и да станеш дел од тимот. 💪
📩 Пиши ни во порака и приклучи се на новата генерација на Вардар.
🏆 ВАРДАР ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СОЗДАВААТ ШАМПИОНИ.