РК Металург

РК Металург Добредојдовте на официјалната фан страна на ракометниот клуб Металург
www.rkmetalurg.mk

Р.К. Металург од Скопје е македонски ракометен клуб кој се натпреварува во VIP Супер Машка лига.
Формиран е во 1971 година под патронат на Скопската Железарница.Тогаш се роди идеја да се формира клуб составен од вработени во фабриката. Никола Богдановски Коле, ја прифати идејата и преку фабричките органи го создаде Металург. Идејата, реализирана од Коле, продолжува да живее преку трудот на денешни

те генерации. Никола Богдановски не сонувал за европското претставување на Металург туку се борел за голиот опстанок на клубот. Ќе остане запаметено дека Металург, во својот прв настап, извојува победа против екипата на РК Пирин со резултат 22:14, полувреме 10:6. Во 1974 година е формирана јуниорската екипа на Металург, под водство на Пустина Крешимир. Првото европско деби на Металург е во 1993 година кога настапи во Купот на градовите на ЕХФ, а противник беше белгискиот Херстел. Денес, Металург е препознатлив македонски бренд и, во последните неколку години, шест пати е шампион на Македонија и шест пати освојувач на Купот на Македонија. Учествува во европските натпреварувања и е основата на македонската репрезентација.

Македонскиот ракомет остана без уште еден свој вреден работник.Денес, ненадејно, почина Сашо Србиновски на 61-годишна во...
17/03/2026

Македонскиот ракомет остана без уште еден свој вреден работник.
Денес, ненадејно, почина Сашо Србиновски на 61-годишна возраст. Ќе остане запаметен како човек кој даде значаен придонес во успешната организација на Струшкиот ракометен турнир.
Некогашен ракометар на РК Струга, а подоцна и тренер на истиот клуб, Сашо Србиновски ќе остане запаметен и како прв селектор на репрезентацијата во ракомет на плажа.
Почивај во мир Сале🖤
Сочувство до семејството🙏

Последно збогум на големиот пријател на РК Металург, човек со големо срце, човек што беше поддршка и покрај сопствената ...
31/12/2025

Последно збогум на големиот пријател на РК Металург, човек со големо срце, човек што беше поддршка и покрај сопствената борба, во убави и тешки денови Stojkovic Le Petit Boban
Патувај насмеан на некое поубаво место за живот! Металург никогаш нема да те заборави🖤

Address

Jani Lukrovski 6
Skopje
1108

Opening Hours

Monday 09:00 - 22:00
Tuesday 09:00 - 22:00
Wednesday 09:00 - 22:00
Thursday 09:00 - 22:00
Friday 09:00 - 22:00
Saturday 09:00 - 22:00
Sunday 09:00 - 22:00

Telephone

+389 (0)2 3172 621

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when РК Металург posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category