26/12/2025
Денес среќен ден во клубот , посреќен од роденден , ни дојде нашето девојче - фудбалерка Ева Конева на посета во клубот, која порасна со нас 5 години од 2017-2022 и дадовме знаење и сила за да продолжи понатаму фудбалски да чекори во светот., моментално е фудбалерка на United FC Малта и Репрезентативка на У-19 репрезентација,
Дојде и им врачи пакетчиња на нашите млади фудбалерки донирани од Стокомак Stokomak market и подарени од нашиот потпретседател на клубот Ѓорѓи Миновски -Џоле.Како што кажавме среќен ден и
донација имавме и од ФФМ Детска ЛИГА за сите клубови, и торбички за копачки подарени од наш пријател на клубот. Искусната Ева Конева им сподели свое искуство на малите фудбалерки и им посочи дека треба да бидат истрајни , редовни на тренинзи и натпревари да го слушаат тренерот и да не се откажуваат од својот сон како што и таа самата го живее својот . Заедно играа фудбал и ја уживаа својата среќа. Со овој тренинг го одбележавме крајот на оваа полусезона и одиме на заслужен зимски одмор. Се гледаме во новата 2026та
Благодарност на сите кои што помогнаа за да го разубавиме денот во клубот и да предизвикаме насмевка на детските лица