04/04/2025
[ФК ВАРДАР - ФК ЦРВЕНА ЅВЕЗДА]
Подготовките на групата за хуманитарниот натпревар против Црвена Ѕвезда, кој ќе се одигра на 16 април 2025 - започнуваат!
Најавуваме најголема продажба на маички, а целта е и повеќе од јасна - ЦЕЛ СТАДИОН ВО ИСТА МАИЧКА!
Цена: 500 ден. [Црна/црвена варијанта]
•Величините се и за деца и за возрасни!
Со купување на маичката, ја помагате изработката на најголемата кореографија досега, посветена на трагично загинатите и настраданите во пожарот во Кочани!
Покрај тоа ќе бидат поставени и кутии за донации, а секако - првиот чекор кој треба да го направиме е да купиме билет!
ПРОДАЖБА НА МАИЧКИ ќе се врши веќе во вторник на Фонтана во Градски парк, во период од 18:00 - 20:00ч.
Клубот на народот е семејна традиција, љубов на генерации навивачи и јасен став!