01/06/2021
Почитувани,
Со тешко срце морам да ви соопштам, по 12 години работење, дојдовме во безизлезна позиција во која сме принудени да го затвориме нашиот фитнес центар. Се осеќам должен да појаснам дека причината се фактори што не зависат од нас (себични индивидуи кои немаат интегритет, за време на општа пандемија и криза ветуваат едно, зборат друго и прават сосема трето).
Во текот на овие години пробавме да најдеме адекватен простор и локација во кој би се релоцирале и би ви го пружиле истото искуство и позитивна енергија, нештото по коешто е најпрепознатливо Lifestyle Fitness Studio, меѓутоа опциите ни се исцрпени и одлучивме дека нашето затворање би било најразумна и најдобра опција за нас како и за вас.
Lifestyle Fitness Studio ќе продолжи да фунционира до крајот на месецот, сите годишни и 6 месечни чланарини по барање на клиентите ќе можат да се сторнираат. Секој член што сака да ги користи нашите услуги ќе може да ги користи до крајот на месецот.
Цела оваа приказна започна со ентузијазам и љубов кон спортот, односно фитнесот и бодибилдингот а прерасна во дом и стартна точка на шампиони и многу идивидуи кои денес се успешни и препознатливи во фитнес индустријата во нашата држава. Во изминативе 12 години, во нашиот фитнес центар се создадоа многу пријателства, прекрасни моменти и преубава енергија, нешто по коешто нашиот клуб е најпрепознатлив во државата и тоа ни беше најголем мотив и ни даваше волја и енергија за да функционираме сите овие изминати години.
Lifestyle Fitness Studio нема повеќе да функционира како комерцијален фитнес центар, меѓутоа ќе продолжи да функционира со нов концепт на работа, нешто што ќе биде ново и уникатно во нашата држава, на нова локација во населбата Карпош.
Oд се' срце сакам да му заблагодарам на секој член што влегол, направил тренинг и бил дел од оваа наша приказна.❤️