Па како целиот начин на возење ролери или поточно кажано како IN LINE SKATING-от започнал?
Па сето тоа започнало пред повеке од 250 години во Белгија.Еден човек по име Мерлин(нема поврзаност со магионичарот)земал пар патики и прикачил тркалца на долниот дел од нив.Добра идеа,така?Па овој генијалец Мерлин подоцна успеал да го догради својот изум со прикачување на кочници на истите.Од 1840 година
возење ролшули станал голем хит во Германија што дури во Берлин келнерките послужувале во баровите на ролшули.Кога ролшулите се појавиле во Соединетите Американси Држави во раните 90ти тие за миг станале популарни низ сите земји.Во тоа време ролшулите имале предни сопирачки и 4 или 6 тркалца.
Во вистинска форма IN LINE SKATING-от влага во 1980 год одкако двајца браќа од Минесота ги редизајнирале ролшулите за да може да тренираат хокеј во летните денови со тоа што предната кочница ја поставиле на задниот дел и тркалцата биле распределени во една линија односно да може да се возат со нив како на мраз.После некое време овој вид на редизајнирани ролшули добиле свои брендови како Oxygen, Rollerblade и K2 кои вклучувале и додатна облека во тој стил.Сега постои екстремно возење ролери и натпреварувања на рампки и шипки нешто слично како и skateboarding-от. На целата таа среќа IN LINE SKATING-oт или повеќето го познаваат како екстремно или агресивно возење на ролери се појави и кај на самиот почеток од 90те. Целото тоа возење и собирање се случувало на доста познатата локација КОЦКА пред самиот трговски центар каде што веќе ја нема. А потоа како следна била и остана сега постоечката локација Кејот на Реката Вардар под Камениот Мост. Агресивното возење на ролери во тој период зема голем замав, повлече доста генерации и стана еден од посакуваните урбани спортови кај нас. За сето тоа да прерасне и развие како што доликува, луѓето кои владееа со своите вештини на тркалаца почнаа да наоѓаат повеќе локации низ градот Скопје. Локациите и не биле толку битни, се што требало да има е по некоја скала, шипка и ѕидче каде што можело да се покаже и направи некој солиден трик. По извесен период е нарапвен и Скејт Парк под Кале, па кај сега постоечкиот обкејт Расмотор каде што веќе за жал ни едниот ни другиот Скејт Парк не постои. Целата таа група на луѓе која се занимавала со екстремно возење на ролери почнала да се шири низ улиците. При крајот на 90те и почетокот на 2000та почна да се организираат улични (street) натпревари каде што на почетокот учествуваа натпреварувачи од нашата држава. Со текот на генерациите натпреварите се зголемија почнаа да доаѓаат гости oд други држави како Србија, Бугарија,Романија... Прв натпревар одржан кај нас во Македонија беше насловен под името HERE THEY COME. Потоа HERE THEY COME AGAIN, па M.I.S.C. (Macedonian inline street competition) кој прераснаа во добра организација и влегоа во историјата на најдобри натпревари во нашата држава одржани до ден денес. Денес ние луѓето кои се занимаваме со тој спорт дали рекреативно или професионално се соочуваме со доста проблеми поради немање соодветен простор каде да ги осовршиме своите вештини и знаења. Сепак тоа не не спречува да посетуваме дел од некои натпревари во соседството каде што има и по некој заработен успех. Ние инлајн скејтерите никогаш нема да се откажеме од тоа што го правиме и сакаме, и секогаш ќе се стремиме кон големи цели. Да ја рашириме сцената што повеќе во нашата држава, да има што повеќе нови генерации и сето тоа еден ден да стане историја.