01/06/2026
Tour De Lake #12 - Тура околу Охридско езеро.
Дванаесеттото издание. Сè помина во најдобар ред. Дваесетина велосипедисти од цела Македонија 🇲🇰 плус двајца од Грција 🇬🇷 Овој пат и две деца кои "газеа" 92 километри заедно со постарите. Времето таман. Галичица прекрасна. Кафето и пивото во Поградец 🇦🇱 за мераци. Црешите превкусни пред Лин. Езерото преубаво. Дружбата и расположението на највисоко ниво. Нови другарства, нови пријателства. Пред почетокот на турата изненадување. Пет учесници си добија поклон од Biram Zdravlje (Салвео). Тројца си добија поклон од Vincinni. Огромна благодарност до нив за несебичната поддршката и со дел од нивните производи. И Macedonian Bike Riders додели пет поклони. Благодарност и до Maya Water, Scout group "Krste Jon", Бабук - Babuk и Nikola Branoski за помошта и логистиката.
Како Струга, нема друга. Ама и нема друго езеро како Охридското 🇲🇰 Се гледаме вгодина. Поздрав до сите ❤️