11/05/2026
Се прашувате ли како започнува секое утро на Летниот Детски Нинџа Камп?
Секој ден во 08:00 часот започнува со свечено кревање на македонското знаме — момент што претставува најголемата чест за секој учесник на кампот.
Можноста да го крене знамето му се доверува на детето кое во текот на претходниот ден покажало најголема дисциплина, упорност, посветеност и правилен однос кон тренинзите и останатите учесници.
Додека знамето се издигнува, сите деца мирно стојат подредени во линија и со достоинство ја пеат македонската химна.
Преку ваквите моменти, децата учат почит, одговорност, заедништво и љубов кон татковината — вредности што остануваат со нив долго по завршувањето на кампот.